Доколку не ги познавате овие имиња, тогаш дефинитивно веднаш треба да ги запознаете. Овие силни жени кои објавуваат фотографии и видеа од нив како креваат тешки тегови и покажувајќи ги своите неверојатно исцртани тела можат скоро инстантно да ве натераат да започнете со вежбање. Па, ајде, ако ви е потребна мала фитнес мотивација, веднаш заследете ги…rn
1. Крисмас Абот
rn
rnrnДоколку имате сомнежи за способностите на жените кои креваат тегови, тогаш оваа девојка која има 245.000 следачи ќе ви покаже дека ништо не е невозможно.rn
2. Аманда Биск
rn
rnrnОваа Австралиска божица има повеќе од 339.000 следачи. Таа е психолог за вежбање, јога инструктор и тренер која нема да ве остави рамнодушни.rn
3. Каиса и Џенифер
rn
rnrnКаиса е магистер во науката за вежбањето, додека пак Џенифер е специјалист нутриционист. Заедно тие имаат 354.000 следачи.rn
4. Кејси Хо
rn
rnrnКејси е верификуван фитнес инструктор и тренер за пилатес која има над 963.000 следачи на Инстаграм. Нејзините фотографии ќе ве научат на интересни пилатес движења, надополнети со здрава исхрана.rn
5. Џенет Џенкинс
rn
rnrnЗа нејзините 286.000 следачи, таа објавува мотивациски цитати и голем број фотографии од фитнес центри и други интересни локации за вежбање.rn
6. Емили Скај
rn
rnrnПрекрасниот модел од Австралија која неодамна станала личен тренер има над 919.000 следачи и одлични фотографии од цврсти стомачни мускули.rn
7. Лита Луис
rn
rnrnЛита објавува видеа за вежбање со мотивациски цитати кои позитивно влијаат врз своите 332.000 следачи ширум светот.rn
8. Џенел Салазар
rn
rnrnТаа не само што е инструктор за фитнес, туку истовремено е и мајка која на своите 363.000 следачи им дава одлични и креативни идеи за вежбање.rn
9. Лајзабет Лопез
rn
rnrnОколу 1,8 милиони следачи се опседнати со неверојатниот изглед на оваа инструкторка од Канада. Нејзиното тело има форма на песочен часовник и тоа една од најголемите причини зошто привлекува внимание насекаде ширум светот.rn
10. Мејси Арија
rn
rnrnПозната по своите мотивациски цитати и позитивно однесување, овој верификуван тренер има неверојатни 1,7 милиони следачи кои секојдневно бараат совети од неа.rnrn
