Макси фустани и здолништа со шлиц - моден тренд кој не треба да се занемари

Макси фустани и здолништа со шлиц – моден тренд кој не треба да се занемари

Убавината на ова тренди парче е што може да се носи на многу начини. Заедно со груба моторџиска јакна во гранџ стил или пак со свилена блуза – постојат навистина голем број лесни комбинации. Токму затоа макси здолништата и фустаните стануваат есенцијално парче од летната гардероба.

0-maksi-fustani-i-zdolnista-so-slic-moden-trend-koj-ne-treba-da-se-zanemari-kafepauza.mk

1. За совршен дневен изглед макси здолништето со шлиц спојте го со тесна струкирана блуза. Макси фустаните пак можете да ги носите со прекрасна федора, сандали со ремчиња и малечка четириаголна чанта за кежуал изглед.

2. Ако сакате нешто пософистицирано и елегантно, целете кон тесно макси здолниште во А-линија со висок шлиц и спојте го со лелеава блуза од шифон или свила.

3. Осигурете се дека шлицот е во главен фокус на вашиот целосен изглед. Тоа значи дека не смеете да носите деколте или да отскриете друг дел од телото за да не изгледате невкусно.

4. Ако сакате да инвестирате во макси фустан или здолниште со шлиц, тогаш целете кон такви со неутрална боја. Најдобар начин да ги носите е со сандали со ремчиња или со гладијаторки, а модните додатоци сведете ги на минимум.

5. Кога станува збор за макси здолништата со шлиц секогаш внимавајте на бојата и материјалот. Избегнувајте материјали во кои кожата не може да дише – кожа, скај и сите видови синтетички ткаенини. Барајте лесни материјали како шифон и свила.

6. Исто така внимавајте на висината на шлицот. Прашајте се каде планирате да го носите парчето и дали е соодветно за на тоа место. Најдобро е шлицот да започнува од половината на бутот.

7. Бохо трендот е најпопуларен кога се во прашање макси фустаните и здолништата. Модните куќи како „Desiqual“ и „Cavalli“ се крајно заљубени во ваквите фустани и здолништа. А нивната љубов заедно со нив ја делат и модните блогери.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар