Природните девојки сè помалку ги има, а тие животот го живеат со полн капацитет
Под влијание на популарните трендови луѓето се многу променети во однос на тоа какви беа до пред некоја деценија, но и покрај тоа сè уште постојат девојки кои се целосно свои и природни. Масовната употреба на социјалните мрежи и наметнувањето од „мнозинството“ дека треба да ги следиме трендовите во сè, ги промени стандардите за многу нешта. Прашањето е дали е тоа кон подобро?
Одлучете сами откако ќе ги прочитате разликите помеѓу девојките кои повеќе ги вреднуваат вистинските работи и девојките кои го следат „модерното“ општество.
1. Тие не носат штикли, тие носат високи потпетици. Не носат старки затоа што е модерно, туку затоа што носеле уште како деца.
2. Тие не користат „пластичен“ сјај за усни, туку класичен кармин, кој можат да го понесат во секоја прилика затоа што усните им се во облик на буквата „М“, а не „О“.
3. Тие не пишуваат пораки и мејлови. И кога пишуваат на тастатура, тие пишуваат писма.
4. Тие секогаш попрво ќе дозволат од маицата да им наѕираат тантелните бретели, наместо надуени гради, затоа што тантелата е секси, а гумата не е.
5. Ако се тетовираат, тие тоа го прават затоа што е лично, а не затоа што ја подигнува „нивната цена“.
6. Ако плачат, тие ќе плачат на црно-бел филм, а не на песни од Цеца или на некое реално шоу.
7. Тие бројот од телефонот не го диктираат, туку ви го запишуваат на дланка.
8. Тие кога ќе залутаат со мислите, не ги грицкаат вештачките нокти, туку врвот од пенкалото.
9. Не се смеат низ заби, се смеат гласно, затоа што природно искрената насмевка нема цена.
10. Тие не покажуваат среден прст, тие намигнуваат… а пораката останува иста.
11. Тие не играат и не „тверкаат“, тие танцуваат.
12. Тие ги соблекуваат чевлите и пешачат боси затоа што се среќни, а не затоа што се пијани.
13. Кога одат на плажа тие носат костими за капење, а не вештачки трепки. Тие повеќе сакаат да изгорат на носот под шеширот, отколку да добијат боја на задникот под вештачки светла. Немаат црти од солариум, туку од прерамки.
14. Тие на плажа не носат пудри и шминки за лице, туку креди за цртање по каменчињата и пенкало за пишување разгледници.
15. Наместо да ја пуштат климата во автомобилот, тие секогаш прво ги отвораат сите прозори и ја растресуваат косата.
16. Кога сакаат да бидат секси, тие не облекуваат кратка маица и мини сукња, туку бела машка кошула.
17. Се опуштаат со звукот на штотуку извадени коцки мраз од фрижидерот и со стари плочи.
18. Тие не се расположуваат со шампањско и турбо фолк, се смеат на тоа. Кога ќе слушнат труба помислуваат на џез, а не на народна музика.
19. Тие не поминуваат покрај театарот, тие редовно го посетуваат затоа што го сакаат.
20. Тие секогаш сонуваат во боја, толку силно и реално што соништата им се остваруваат.
21. Тие водат љубов со допир.
22. Тие не фантазираат за чуда, тие прават чуда и ги живеат.
23. Тие се поинакви затоа што отсекогаш останале исти.