ТВ серија за брилијантен хакер кој страда од антисоцијално нарушување
rn
Главни улоги: Рами МалекrnrnЖанр: криминал, драмаrnrnКреатори: Сем ЕсмаилrnrnПремиера: 24 јуни 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПриказната започнува така што нè води во секојдневниот живот на младиот и брилијантен хакер, Елиот (Рами Малек). Тој страда од антисоцијално нарушување, но истовремено се бори и со илузии. Без разлика каде е, тој има чувство како луѓе во одела да го следат. Претерано е параноичен и нема многу пријатели. Елиот не ги запознава луѓето како што тоа го прават сите. Доколку сака да открие нешто повеќе за одредена личност, тој им го пробива компјутерот и ја следи нивната комуникацијата со другите преку социјалните мрежи, мејлови и пораки. Токму затоа и знае за нив многу повеќе одошто тие се свесни.rnrn
rnrnТој преку ден работи како инженер за сајбер заштита, а во текот на ноќта преку хакирање се обидува да го направи светот подобро место за живеење. Токму затоа и ќе го привлече вниманието на еден анархист, кој има големи планови за луѓето во Америка. Всушност неговата идеја е толку голема и брилијанта, што младиот Елиот едноставно нема да може да ѝ одолее. Но, поради своите психолошки проблеми ќе се бори со себе, не знаејќи дали овие настани се вистинити или само дел од неговата фантазија.rnrn
rnrnСтанува збор за детално изработена приказна, опколена со мистерија и заговори кои се поголеми од сите нас. Елиот ќе ве натера почнете да се сомневате во сè што гледате пред вас, откривајќи ви еден сосема нов свет, скриен свет, од кој тајно владеат моќни луѓе кои се невидливи за останатите. Рами Малек исклучително го игра ликот на Елиот, што само дополнително придонесува за успешноста на оваа ТВ серија. Па, ако сте расположени за теории на заговор, рушење на општеството какво што го знаеме и многу мистериозност, тогаш оваа приказна без сомнение брзо ќе ви стане омилена.
