Оладете си го штотуку свареното кафе

Оладете си го штотуку свареното кафе

Никој не ужива да го пие своето кафе врело, штотуку тргнато од рингла. Очигледно на Дејв и Дејв многу им пречело да чекаат да се олади нивното кафе, па решиле да преземат нешто околу тоа. По неколку месеци интензивна работа, овие двајца момци ги создадоа разладувачите за кафе Coffee Joulies. Овие разладувачи имаат облик на зрна кафе и се направени од нетоксичен материјал и од нерѓосувачки челик.Оладете си го штотуку свареното кафеОладете си го штотуку свареното кафеНивната задача е да го оладат кафето и потоа полека и рамномерно да ја испуштаат топлината која ја заробиле во нив. Овие разладувачи овозможуваат веднаш да почнете да го пиете топлото кафе, а по некое време кога во нормални услови треба да биде ладно, разладувачите ќе ја испуштат топлината во кафето и ќе овозможат тоа да биде идеално за пиење.Оладете си го штотуку свареното кафеОвие волшебни кафе-џули доаѓаат во неколку различни пакувања, а основното, 5 џули во едно торбиче, чини 50 американски долари. Но, добрата работа е што ги купувате еднаш, а траат доживотно.Оладете си го штотуку свареното кафеОладете си го штотуку свареното кафеОладете си го штотуку свареното кафеОладете си го штотуку свареното кафе


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар