Италијанскиот производител на бродови и јахти „Italian Sea Group“ на својот сајт ги претстави фотографиите од моделот „Адмирал Екс-Форс 145“ (Admiral X-Force 145), јахта од 145 метри која ќе биде толку луксузна што се проценува дека ќе чини повеќе од милијарда долари.rnrn
rnrnСепак, точната информација за цената ќе ја добијат исклучиво сериозните купувачи, но тоа што е дефинитивно потврдено е дека јахтата ќе има внатрешни и надворешни базени, две кино сали, два хелидроми, неколку гаражи и теретани, како и раскошно средени ентериери со кристални лустери и мермерни подови.rnrnДали оваа јахта ќе биде најскапа во светот зависи од првиот примерок на X-Force 145 кој ќе биде готов до пролетта, 2018 година, бидејќи тогаш би требало да заплови во водите и неговата цена да се зголеми.rnrnИмено, фирмата „4Yacht“ исто така гради „чудовиште“, 222 метри долга јахта која го носи името „Трипл Дјус“ (Triple Deuce) и ќе чини повеќе од милијарда долари. Сепак, информациите за нарачателот на оваа јахта се непознати, но тој за нејзиното годишно одржување ќе треба да одвојува по 20-30 милиони долари.rnrnОткако ќе ја погледнете галеријата, сигурно ќе посакате да запловите во оваа луксузна јахта. Но, да бидеме реални, кој не би сакал?rnrn
Погледнете ја оваа мегајахта која ќе чини повеќе од милијарда долари


















