Не фрлајте ја кората од портокалите, еве за што можете да ја употребите

Сподели

Портокалот е на врвот на листата на најомилените овошја на светот. Но покрај вкусот и придобивките од јадењето на плодот, еве за што можете да ја употребите и самата кора.

Реклама

rn

1. Отстранете ги дамките од вода

rnДоколку ве нервираат дамките од вода кои се прават на чешмите едноставно можете да ги отстраните доколку ги исполирате со внатрешноста на кората од портокал.rn

2. Полирање на дрвен мебел

rnБелиот дел од кората на портокалот исто така може да го врати сјајот на стариот дрвен мебел.rn

3. Средство за чистење

rnСтавете ја кората од портокал во стаклена тегла, прелијте ја со бел оцет, и оставете ја теглата во фрижидер неколку недели, повремено промешувајќи. Потоа процедете ја течноста, претурете ја во шишенце со механизам за шприцање и користете го средството за чистење под и прозорци.rn

4. За истерување на инсектите

rnМравките, молците и комарците не сакаат одредени елементи кои се наоѓаат во лушпата на портокалот. Ќе ги избркате доколку поставите кора од портокал на местата од кои мислите дека инсектите доаѓаат.rn

5. За освежување на просториите

rnПортокалот има неодоливо освежувачки мирис кој на секој дом може да му даде фантастичен мирисен шарм. Исушете ја кората во рерна, смелете ја во блендер и поставете ја во мали платнени верќички. Вреќичките можете да ги закачите во купатилото, на плакарите итн.rn

6. Омекнете го кафеавиот шеќер

rnАко вашиот кафеав шеќер често ви се претвора во грутки, тоа ќе го спречите така што во садот каде што го чувате ќе додадете неколку парченца кора од портокал. Kако бонус, шеќерот ќе добие и одлична арома.rn

7. За отстранување на лошиот мирис на обувките

rnКората од портокал ставете ја во платнена торбичка, заврзете ја и преку ноќ ставете ја во чевлите кои немаат баш пријатен мирис. Кората ќе го впие целосно.rn

8. Пилинг за тело

rnОва е наједноставниот пилинг кој можете да го направите. Ставете кора од портокал во газа, заврзете ја и користете ја наместо сунѓер за време на туширањето. Кожата ќе ви стане цврста, светла и мазна.rn

9. Направете свеќа

rnКората од портокал може да ви послужи и како брза декорација за од неа да направите мала свеќичка.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира