Прекрасни фотографии од штотуку венчани хомосексуални парови
Денот на венчавката е еден од најубавите и најсреќни денови во животот на младенците. Тоа е денот кога тие решаваат да започнат заеднички живот, да се сакаат и почитуваат и да бидат среќни заедно. Славејќи ја љубовта пред сѐ останато, тој ден е денот кога некој нè прифаќа нас такви какви што сме и ние го прифаќаме тој некој со цело срце и душа. Без разлика кои сме и што сме за останатиот дел од светот, од тој ден еден за друг сме си сѐ со партнерот.
Месец јуни во Соединетите Американски Држави е прогласен за месец на гордите хомосексуалци, бисексуалци и трансџендери. Иако ова е сѐ уште табу тема кај нас, сѐ што следниве фотографии покажуваат се лица на пресреќни и насмеани луѓе на денот на нивната венчавка кои делат бесконечна љубов еден за друг. Љубов која тие ја овековечиле со брак.
Срцкиии, мојот најдобар другар е хомо(а никогаш не би рекле :D) и го обожавам!!!
Душа човек е, се знаеме од бебиња, заедно не само што пораснавме, туку еве и созреавме… Неговите знаат дома, во супер врска е, двата се прекрасни луѓе, со големи души… и многу би сакала што поскоро да им сме кумови (со мојот сопруг) <3
Познавам неколку геј луѓе и сите тие се… таман, сосема нормални луѓе, со единствена разлика во изборот на партнерите, што ни мене, ни никому не му менува ништо…
Јас сум ЗА и за посвојување дечиња, бидејќи знам дека (барем за луѓето што ги познавам) дечињата сигурно ќе раснат во Љубов и здрава семејна атмосфера, со здрели и искусни луѓе…
пс Хомосекуалноста не се учи, населедува, пренесува, заразува… со неа се раѓаш (и умираш)… Затоа е "безбедно" да посвојуваат дечиња, дечињата ќе си ја развијат секс.ориентација што си ја носат со раѓање, никој никого неможе да му влијае на сексуланата ориентација 🙂
Љубов не омраза!!!
aj dosta so tie gluposti ‘gej parovi’gospod rekol da se spojat mazot i zhenata.za toa ke propadne svetot.gavolska rabota.sramota ,katastrofa-opst haos!!!!