Вие сте единствена дама во машко друштво? Еве зошто ова е супер

Вие сте единствена дама во машко друштво? Еве зошто ова е супер!

Некои девојки се навикнати да бидат единствените дами во машко друштво. Можеби причината е во тоа што израснале со повеќе браќа или пак имале многу машки другари во детството. Можеби имаат поголема слобода од другите девојки, па останувале со момците дури и кога другите девојки морале да заминат. Тие едноставно се научени да бидат отворени и да се чувствуваат пријатно во машко друштво, бидејќи знаат дека во тоа има супер предности.

1-vie-ste-edinstvena-dama-vo-mashko-drushtvo-eve-zoshto-ova-e-super-www.kafepauza.mk_

1. Вие сте најзгодна од сите

И ова го прифаќате со насмевка. Можеби тие веќе не забележуваат дека вие сте девојка, па ве сметаат за потполно рамноправна со нив. Но, кога ќе забележат дека сте девојка, ќе почнат да ве зафркаваат дека вие сте најзгодна од сите нив.

2. Се чувствувате заштитено

Вашите другари знаат дека вие како жена сте изложени на некои ранливи ситуации и теми, па затоа секогаш ви ја пружаат потребната заштита. Секогаш ве штитат од досадните момци кои флертуваат со вас, но исто така и секој пат има некој што ќе ве испрати до дома.

3. Може да заборават на вас и да бидат она што навистина се

Поголем дел од времето тие се однесуваат нормално и пристојно, но ако гледате натпревар со нив или присуствувате на некоја активност во која се тотално посветени, тогаш тие ќе заборават на вас и ќе бидат она што навистина се.

2-vie-ste-edinstvena-dama-vo-mashko-drushtvo-eve-zoshto-ova-e-super-www.kafepauza.mk_

4. Имате пристап во машкиот свет

Слушате коментари кои другите девојки не можат да ги чујат, го набљудувате машкиот дух кој ги поврзува и сфаќате зошто тие сакаат машко друштво и сето она што го прават кога се собираат. Девојките кои не го знаат ова ви се љубоморни и се запрашуваат што всушност прават момците кога се сами. Вие пак добро знаете дека тие прават типични машки активности и дека им е потребно малку време кога ќе можат да заборават дека се нечии момци.

5. Ве сметаат за една од нив

И ве третираат така. Не ве потценуваат затоа што сте жена и не ви попуштаат во некои натпревари. Ако се опијаните нема да помините ништо подобро од некој од нив, но исто така нема никогаш да ве остават да спиете на клупа во паркот.

6. Кога ќе кажете нешто паметно тие ве сфаќаат сериозно

Тие немаат некои предрасуди во однос на уважувањето на женското мислење. Вие сте дел од таа екипа и секако дека вашето мислење е важно. Некои од нив можеби ќе научат да го ценат и уважуваат женското мислење во иднина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар