Експлозија од бои во новата Ресорт колекција од Мисони
Женската колекција за пролет 2016 на Ангела Мисони изгледа многу впечатливо и весело како резултат на употребата на разновидни живи бои.
Ангела Мисони својата инспирација за колекцијата Ресорт ја пронашла во апстрактната уметност на Соња Дулуне, чија ретроспективна изложба е на репертоарот во лондонскиот музеј Тејт Модерн.
Врз новата Ресорт колекција од Мисони е пролеана експлозија од бои, претворајќи ја ткаенината во платно за уметничко дело. Принтовите, кои асоцираат на потези направени со четки, шари, ретро примероци и стерео бранови, одлично изгледаат во живи бои кои се испреплетени во сите парчиња облека создадени за жешките летни денови.
Од костими за капење, макси фустани, па до грациозни блузи и мини фустанчиња, новата Ресорт колекција од Мисони изгледа како да е падната во канта за бои кои веднаш го подобруваат расположението.