Подготвени сте за летниот одмор? Веќе сте резервирале и сте уплатиле, сега сè што преостанува е да се спакувате и да тргнете… Барем така би помислиле. Но, реалноста е малку поинаква. Погледнете со што се соочуваат СИТЕ жени неколку дена пред да тргнат на својот летен одмор…
rn
1. Се запрашувате кога животот вклучувал олку избори
rnШто се однесува до вас, најтешкиот дел бил завршен. Дестинацијата е одбрана, превозот е одреден и сместувањето е резервирано. Па, тогаш зошто е толку тешко да одберете перница за патување или куфер?rn
2. Во паника купувате целосно нова гардероба
rnСтоите пред вашиот шкаф, кој е преполн со облека и сфаќате дека „немате“ што да носите на одмор, па токму затоа одите во шопинг и купувате целосно нова облека. И секако, потоа немате доволно место во куферот и мора да одлучите што да исфрлите од него.rn
3. Почнувате да се однесувате кон пасошот како да ви е првородено дете
rnВо текот на целиот ден се грижите да не случајно орел влетал во вашиот дом, наоѓајќи го пасошот во фиоката покрај вашиот кревет и носејќи го некаде далеку од вашиот дом… Некако сте успеале да станете како Рејчел од „Пријатели“.rn
4. Стравот од патување почнува да се појавува во вас
rnИ одеднаш сфаќате дека гледате морбидно фасцинантни документарни програми за историски авиони кои никогаш не биле најдени… Или пак, читате статистки за бродоломи и сообраќајни несреќи…rn
5. Перење. Толку многу перење!
rnБидејќи сто пати сте се премислиле за облеката која сакате да ја носите со вас на одмор, вие деновите пред патувањето од сабајле до вечер ги поминувате покрај машината за перење. И тоа што е најинтересно, бидејќи сте прецениле колку брзо може да се исуши облеката, завршувате со куфер полн со половично исушена облека.rn
6. Продуктите за убавина ви зафаќаат најголем дел од куферот
rnИ тоа е една од причините зошто вашиот куфер е дупло потежок од оној на другите. Вие не само што во него имате облека за 3 одмори, туку имате доволно продукти да отворите продавница за убавина.rn
7. Почнувате да се опседнувате со минијатури
rnМинијатурен шампон. Минијатурна крема. Минијатурен сапун. Сè е минијатурно! И за еден краток момент, не можете да се сетите какво е чувството да се користи шампон кој не е со големина на вашиот показалец.rn
8. Одеднаш одлучувате дека ви е потребна детоксикација
rnПред да испиете 3 пива и да изедете кило компири вечерта пред да тргнете на одмор.rn
9. Вашите приоритети почнуваат да се мешаат
rnИ токму затоа 3 часа пред да треба да тргнете во вашиот куфер нема ништо друго освен стап за правење селфи со вашиот смартфон.rn
10. Вие имате емоционално збогување со вашиот фен за коса
rnЗбогум моќен пријателу кој секогаш ја правиш мојата коса како да сум излегла од фризерски салон. Добредојде малечок фен за патување, кој едвај има сила да ја исуши мојата коса.

