8 работи кој секој маж треба да ги знае за женскиот месечен циклус

8 работи кој секој маж треба да ги знае за женскиот месечен циклус

Жените крварат секој месец, а тоа значи дека тие се здрави и дека не се бремени. Ова е сè што знаете, а најверојатно сте биле во ситуација во која сте почувствувале олеснување поради втората причина. Не треба да бидете лекар или психијатар за да знаете малку повеќе од ова, бидејќи ако сакате да остварите близок контакт со жените, а притоа тие да не помислат дека сте некој дивјак, неизвестен и ограничен, сметајте го месечниот циклус на жените и нивното однесување во врска со ова прашање, како знаење од општа култура.

1-8-raboti-koj-sekoj-mazh-treba-da-gi-znae-za-zhenskiot-mesechen-ciklus-www.kafepauza.mk_

1. Периодот на крварење трае од 2-3 до 7-8 дена. Најчесто од 5 до 7 дена.

2. Некои жени имаат прецизен циклус од 28 дена, но некои подолг или пак пократок. Секако, должината на циклусот кај секоја жена различно варира.

3. Плодните денови, вообичаено се на средина од циклусот. Но, и ова е индивидуално. Некои жени имаат плодни денови веднаш по завршувањето на крварењето.

4. За време на менструацијата сексот не е исклучен, но од практични причини подобро е да се воздржите. Ова не треба да го користите како метод на контрацепција. Кондомот е повторно задолжителен, бидејќи жените се осетливи на инфекции во овој период, поради тоа што грлото на матката е малку подотворено.

5. И можно е да забремените. Шансите се мали, но сепак постојат. Спермата може да преживее неколку дена во женското тело, менструацијата да трае три дена, циклусот да е скратен, а плодните денови да се само неколку дена потоа. Со една реченица, можно е!

2-8-raboti-koj-sekoj-mazh-treba-da-gi-znae-za-zhenskiot-mesechen-ciklus-www.kafepauza.mk_

6. Менструалната крв не е валкана. Таа е дел од целокупниот крвоток. Некои жени имаат долги и обилни менструации за разлика од други. Понекогаш некои жени имаат слаба крв поради обилните менструални крварења, но сепак женскиот организам е дизајниран на тој начин да го поднесе губитокот на крв без сериозни последици.

7. Понекогаш предменструалните болки се јаки и тие се исти како при симптомите на бременост. Болка во градите и стомакот, отеченост, па дури и мачнина. Жените може да „одлепат“ од тоа.

8. ПМС е период на телесна напнатост, емотивна пречувствителност и психолошка нестабилност. Потоа продолжува и во текот на менструацијата. Ако во тој период, таа мисли дека е трудна, сетете се дека е во ПМС – иако ова може да ве вознемири, тоа воедно е еден вид испит за стабилноста и трпението на еден маж.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар