За време на утринското туширање, поточно пред да излезете од туш кабината, пробајте да го направите овој брз трик кој ќе ви ја обнови енергијата и ќе ви го намали стресот.
Ако денот го започнувате со вакво туширање, тогаш стресот значително ќе ви се намали и нема да го чувствувате толку многу во текот на целиот ден.
1. Пуштете ладна вода (колку што можете да поднесете) и така туширајте се 30 секунди. На почеток водата ќе ви биде многу ладна, но набрзо телото ќе се навикне.
2. Потоа пуштете жешка вода и туширајте се 30 секунди. Жешката вода ги проширува капиларите, ја забрзува циркулацијата и го стимулира целото тело.
3. На крај, повторно пуштете ладна вода и туширајте се уште 30 секунди.
Овој краток трик потполно ќе ве разбуди и ќе ве подготви за предизвиците преку целиот ден. Ваквиот метод ви помага да го намалите стресот, ви го зајакнува имунитетот, ја зголемува способноста на вашиот организам да согорува масти и го подобрува вашето расположение.

