Иако Хејли Форт има само 9 години, таа веќе им има многу помогнато на бездомниците и планира помошта постојано да ја зголемува. Ова мало девојче, своето слободно време го поминува во изградба на мобилни засолништа за бездомниците, одгледување храна и обезбедување средства за хигиена за нив.rnrn
rnrnКога Форт имала 5 години, ја прашала мајка си Миранда дали може да му помогне на еден бездомник во Бремертон, Вашингтон, каде што таа живее. Секако мајка ѝ се согласила и сега тие заедно работат за да им помагаат на сиромашните. Човекот на кого му помогнале купувајќи му сендвич сега ѝ е пријател, а оттогаш има изградено многу засолништа и за многу други нејзини пријатели-бездомници. Таа вели дека ги гради засолништата за бездомниците „за да не наврнат, да се чувствуваат безбедно и да останат суви“.rnrn
rn
„Не е во ред тоа што има бездомни луѓе“, раскажува Хејли. „Мислам дека секој треба да има место за живеење.“
rnБлагодарение на попустите кои ги добива, едно засолниште ја чини само 300 долари, а иако добива помош и инструкции од родителите, главната градежна работа ја изведува сама.rnrnНејзината цел оваа година е да одгледа 113 кг храна, да изгради 12 засолништа и да обезбеди илјадници средства за лична хигиена.rnrn
rnrnПогледнете го ова видео за нејзината работа.rnrn