Научниците откриле неверојатна поврзаност во телото за која досега не се знаело дека постои

Научниците откриле неверојатна поврзаност во телото за која досега не се знаело дека постои

Еден тим истражувачи од Универзитетот за медицина во Вирџинија откриле неверојатно откритие кое може да ги промени сите учебници. Тие успеале да докажат дека постои поврзаност помеѓу имуниот систем и мозок преку садови кои досега не сме знаеле ни дека постојат.

Научниците откриле неверојатна поврзаност во телото за која досега не се знаело дека постои

„Јас навистина не верував дека во нашето тело можат да постојат структури за кои не сме свесни. Мислев дека имаме целосна мапа на телото“, вели Џонатан Кипнис, коавторот на ова истражување. „Јас сметав дека овие откритија завршија некаде околу средината на претходниот век. Но, изгледа сите сме биле во заблуда.“

Истражувачите откриле дека мозокот и имуниот систем се поврзани помеѓу лимфни садови, исто како и сите други ткива во телото. Па, наместо да се перципира невро-имуната интеракција како нешто опколено со мистерија, научниците сега можат да кажат дека знаат многу повеќе за неа. Тие исто така се надеваат дека ова неверојатно откритие би можело да ни помогне подобро да разбереме дел од најголемите невролошки болести, започнувајќи од склерозата, па сè до Алцхајмеровата болест.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар