КАФЕ ПАУЗА

Тајните на говорот на телото

Говорот на телото има огромен удел во комуникацијата со луѓето. Разбирањето на пораките што другите невербално ги испраќаат, може да ви каже многу за нивните чувства, мисли и намери. Денес ви откриваме само дел од тајните на говорот на телото, кои се надеваме дека ќе бидат доволен поттик за подлабоко истражување. Па, да почнеме!rn

Лице

rn(0) tajnite-na-govorot-na-teloto-kafepauza.mkrnrnНасмеаното лице, оддава впечаток на среќна личност, која во животот генерално повеќе се фокусира на позитивното, отколку на негативното. На другите им порачува дека е приемчива личност, која не се плаши од комуникација со нови и непознати луѓе.rnrnНакривувањето на главата настрана, означува флерт или сожалување – две сосема различни пораки. Од друга страна, благото накривување на главата, може да означува збунетост или агресија.rnrnЗатоа, пред да се потрудите да ги разберете вербалните пораки, треба да внимавате и на целиот контекст на ситуацијата.rn

Очи

rn(1) tajnite-na-govorot-na-teloto-kafepauza.mkrnrnПогледот e важна алатка за проектирање на личната самодоверба. Па така, соодветниот поглед, на потенцијалниот претпоставен му дава до знаење дека сте способни за извршување на работата, а на потенцијалниот партнер дека навистина сте заинтересирани за него и дека целосно му се посветувате.rnrnПонатаму, избегнувањето на погледот на соговорникот и талкањето со очите наоколу, може да означува нечесност и несериозност. Од друга страна, гледањето на соговорникот во очи, во повеќето случаи се смета за искреност, иако понекогаш тоа е намерен трик, за верување во нечии лаги и измислени приказни.rnrnИмајте на ум дека кај некои култури контактот со очите се смета за знак на непочитување и агресија.rn

Горен дел од телото

rn2-tajnite-na-govorot-na-teloto-kafepauza.mkrnrnСтутканите, згрчени раменици упатуваат знак на тага и намалена самодоверба. Напротив, исправената положба на телото, означува самодоверба и удобност во сопствената кожа.rn

Раце и дланки

rn(3) tajnite-na-govorot-na-teloto-kafepauza.mkrnrnСкрстените раце се како знак за НЕ МИ СЕ ПРИБЛИЖУВАЈ. Можеби луѓето не ви се допаѓаат, досадно ви е, лути сте и ви е потребен одбранбен механизам. И верувајте, таквиот механизам функционира успешно, со што ги оттргнувате сите од себе, праќајќи гласна и јасна порака.rnrnОд друга страна, скрстените дланки на скутот, нивното ставање зад грб или покрај телото, праќаат порака на отворена и опуштена личност. Најдобро е да се одлучите за една опција и да не ја менувате положбата постојано, што може да делува многу повознемирувачко и подосадно за другите.rn

Долен дел од телото

rn(4) tajnite-na-govorot-na-teloto-kafepauza.mkrnrnНасочувањето на долниот дел од телото кон личноста со која зборувате, означува дека сте вклучени и целосно сосредоточени на разговорот. Доколку пак тоа не е така, оддавате впечаток на некој кој едвај чека да си оди и да престане разговорот.rnrnЦврстото скрстување на нозете ја испраќа истата порака како и скрстените раце – незаинтересираност и рамнодушност спрема она што го зборува соговорникот. Од друга страна, опуштеното скрстување и испруженоста на нозете, даваат до знак дека сте отворени и желни за разговор.rn

„Читање“ на говорот на телото

rn(5) tajnite-na-govorot-na-teloto-kafepauza.mkrnrnПри „читањето“ на говорот на телото, важно е да разберете дека луѓето честопати ги имитираат пораките што ги праќа другиот. Ова е особено точно кога постои заеднички интерес и таквото однесување е знак дека навистина му се допаѓате на соговорникот и сака да ве запознае подобро.rnrnИсто така, треба да имате на ум дека секој е различен. Не постојат унифицирани одговори и предвид треба да се земат сите други фактори, како не би дошло до погрешна интерпретација.rnrnСпособноста за препознавање на пораките на говорот на телото бара време и труд. Но, кога ќе знаете како да ја проектирате сликата за себе што другите сакаат да ја видат и да го „прочитате“ она што тие не ви го кажуваат, полека ќе започнат и промените во вашиот живот. Секако, на подобро!rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.