6 начини да ја ослободите вашата харизма

6 начини да ја ослободите вашата харизма

На патот до успехот стојат многу препреки. Како личност која сака да успее во кариерата, па и во другите гранки од животот, вие ќе мора да научите како да ги совладувате тие препреки без притоа тие да имаат поголемо негативно отколку позитивно влијание. Во таа намера е секогаш најважно да имате зацртана цел која ќе ја достигнете поради амбициозноста, посветеното работење и разумноста. Но она нешто кое може навистина многу да ви ги олесни работите и да ви помогне побрзо да ја достигнете целта, е харизмата. А следниве 6 начини ќе ви помогнат да го ослободите тој скриен дел од себе.

(1)-6-nachini-da-ja-oslobodite-vashata-harizma-kafepauza.mk

1. Подарете внимание

Вниманието кое му го посветувате некому е најголемиот подарок што можете да му го дадете. Дали со слушање на она што ни го кажува човекот спроти нас или, пак, со овозможување на некои ситни задоволства на луѓето кои ни се драги, вниманието е секогаш она кое нè поврзува. Во светот на успешните луѓе, вниманието е она кое најтешко се добива, но и најмногу значи. Затоа, почнете да вежбате.

2. Пред сѐ, бидете луѓе

Во животот ќе наидете на мал милион случаи кога вашата човечност ќе биде ставена на тестирање. Контактите кои ќе ги оформите сѐ оние кои ќе треба да знаете да ги задржите. Додека луѓето кои ви се нашле кога ви биле најмногу потребни во животот се оние кои никогаш не треба да ги земате здраво за готово, дајте им шанса и на оние кои допрва ќе ги запознаете. Познанствата и пријателствата се оние кои остануваат засекогаш, додека позицијата која ја имате во општеството може да исчезне во секој момент.

3. Научете да слушате повеќе отколку што зборувате

Велат дека веројатноста да оформите пријателство со некој е поголема кога покажувате вашиот интерес да дознаете нешто повеќе за него е поголем од желбата да зборувате само за себе. Не секој е природно надарен со умешноста да прави луѓето околу него да се чувствуваат пријатно и расположено, да имаат желба да бидат во негово присуство и сл. Но затоа секој ја има способноста да го совлада ова така што ќе се заинтересира малку повеќе за другите, ќе поставува прашања, ќе слуша внимателно и најмногу од сѐ, ќе биде позитивен. Умислата дека само вие сте во право и неспособноста да ги ислушате другите и нивните мислења и ставови, а уште повеќе, незнаењето како нив да ги прифатите, е хендикеп кој сигурно ќе ве сопре на патот кон успехот.

4. Говорот на телото е подеднакво важен

А некогаш кажува и многу повеќе од зборовите. Луѓето може погрешно да го интерпретираат тоа што го кажувате доколку вашето тело, вашиот израз и тонот со кој зборувате кажуваат нешто различно. Од особена важност е да обрнете внимание на овие, за многу луѓе, ситници на кои се губи драгоцено време бидејќи е факт дека на тој начин побрзо и полесно ќе го пренесете она што го мислите. Пријателскиот израз на лицето, благиот тон во гласот, поставеноста на телото така што сте целосно свртени кон оној со кој зборувате, се само мал дел од работите кои може да ве одведат далеку поблиску до вашата цел.

5. Вашите слабостите се ваша предност

Искуството и грешките се оние нешта кои или го кршат човекот или го прават посилен. Во светот на успехот нема место за оние кои си го дозволуваат себеси тој луксуз секоја грешка да ги соборува на земја. Доколку сакате да успеете, вие мора да учите од своите грешки, поради нив да станете посилни и поодлучни и токму тие да го разбистрат патот кон целта која стои пред вас. Уште повеќе, вие мора да научите да живеете со нив така што ќе ги признаете и ќе ги споделите како неизбежно искуство кое довело до тоа да бидете тие што сте. Притоа, вие ќе се зближите многу повеќе со луѓето бидејќи не постои ништо друго што може да влее повеќе храброст во некого како што го може поуката која сте ја извлекле од вашето животно искуство.

6. Бидете свои

Ова е нешто кое важи во сите полиња на животот. Да бидете свои и да се цените такви какви што сте е единствениот предуслов за да станете многу подобри и поуспешни. Лагата секогаш излегува на виделина, па така и измамничката насмевка е нешто кое многу тешко ќе ви успее. Луѓето забележуваат, а уште повеќе, чувствуваат кога нешто не е како што треба. Затоа бидете свои, бидете свесни дека животот е постојано учење и подлога за самоподобрување, бидете искрени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар