КАФЕ ПАУЗА

Пцујте слободно! Научно е докажано дека пцуењето е добро и за вас и за блиските

Можеби некој ќе мисли дека заради вашиот „живописен“ вокабулар сте примитивни, агресивни или нападни, но тоа едноставно не е точно. За почеток, сите пцуеме, само прашање е колку често и колку жестоко, а науката докажала бројни благодати како резултат на оваа честа навика.rnrnpcujte-slobodno-nauchno-e-dokazhano-deka-pcuenjeto-e-dobro-i-za-vas-i-za-bliskite-kafepauza.mkrn

1. Ја ублажува болката

rnИспитаниците кои сочно пцуеле можеле да ја држат раката во ледена вода во просек 45 секунди подолго од испитаниците кои се дереле изговарајќи пристојни зборови, покажало едно истражување спроведено на Кееловиот универзитет во Англија. А кога ги прашале како се чувствуваат, пцујачите чувствувале послаба болка. „Кога ќе се удрат, луѓето се советуваат добро да опцујат“, заклучува водачот на истражувањето д-р Ричард Стивенс.rn

2. Ве прави посилни

rnВо истото истражување испитаниците кои пцуеле на другите им изгледале посилни. Ричард Стивенс тоа го објаснува со фактот дека пцуењето го прави човекот поагресивен, па затоа делува пострашно за околината.rn

3. Не значи дека сте глупави

rnМислењето дека луѓето кои пцујат се на границата на глупоста бидејќи не знаат да се изразат со поубави зборови е сосема погрешно. Д-р Стивенс и докторантката Ејми Зиле објавиле научен труд во кој јасно покажале дека образованието и интелигенцијата немаат никаква врска со пцовките.rn

4. Пцуењето е добра психо-терапија

rnПцовките се одлична алатка која на луѓето им помага да се носат со околностите кои не се совршени. Токму затоа на испитаниците со раката во ледена вода не им помогнало урлањето со пристојни зборови. Луѓето кои пцујат чувствуваат помали последици од хормонот на стресот, па имаат и помал ризик од кардиоваскуларни болести.rn

5. Се чувствувате поотпорни

rnЗатоа што пцуењето е своевидна психолошка прва помош, ви дава чувство дека можете сè.rn

6. Ве навлекува на филмови

rnЗошто „Волкот од Волстрит“ постигна толкав успех? Па, заради пцовките. Накратко, што повеќе пцовки има во една серија или филм, толку повеќе обожаватели ќе добие, барем вака тврди професорката Моника Беднаред. Тоа е затоа што ликовите кои пцујат делуваат поприродно.rn

7. Ве поврзува со другите

rnПцуењето е важно за создавање меѓучовечки односи и пријателства. Дава доза интимност и поттикнува градење односи.rn

8. Пцуењето е вродено и експресивно

rn„Пцуењето ни помага да изразиме изненадување, бес, лутина, радост, среќа… Тоа е нешто како автомобилската свирка – можете да сигнализирате толку многу нешта. И пцуењето е дел од психата“, објаснува психологот Тимоти Џеј кој 35 години ги проучува пцовките.rn

9. Заменува многу нешта

rnПцовката значи многу нешта. Може да замени именка, придавка, прилог, интерпункција… Накратко, таа е е*ено јазично богатство.