Направете сами: Колоритни миризливи свеќи за вашиот дом, составени од мрсни боички

Сподели

Ако добро размислите, сè што ви е потребно за отклучување на вашата имагинација е една мала мрсна боичка. Само една мрсна боичка може да трансформира обичен лист хартија во нешто што е надвор од овој свет, како на пример, ананас кој јаде роботи или робот кој јаде ананас… Можностите се бескрајни.

Реклама

Но, што се случува ако решите да „боите“ надвор од линиите и да ја искористите оваа мрсна боичка за нешто сосема ново? На пример, вие би можеле да ги стопите мрсните боички и да направите колоритни свеќи кои ќе го украсуваат вашиот дом.rn

1. Првото нешто што ви е потребно е кутија со мрсни боички.
2. Одберете ги вашите омилени бои.
3. Ќе ви биде потребен стаклен сад за свеќи како и фитил.
4. Ставете топло лепило на крајот од фитилот и поставете го на дното од чашата.
5. Искористете го восокот кој ви останал од вашите омилени миризливи свеќи и поставете го во хартиена чаша која може да се стави во микробранова.
6. Одберете ја првата мрсна боичка, отстранете ја декларацијата, искршете ја на мали парчиња и ставете ја во чашата со восокот.
7. Ставете ја хартиената чаша во микробранова печка на околу 30-тина секунди или сè додека не се стопат состојките целосно и потоа измешајте.
8. Поставете го стаклениот сад за свеќи во дијагонална позиција, сипете ја содржината од хартиениата чаша во него и оставете го да се исуши 20-тина минути.
9. Одберете нова боја и повторете ја истата постапка за да го направите вториот слој.
10. Откако ќе се исуши вториот слој, направете уште еден последен слој.
11. Резултатот е свеќа во различни бои, по ваш избор, која мириса онака како што вие сакате.

rnДозволете ѝ на вашата креативност да надвладее и обидете се со различни бои и комбинации.За повеќе информации за оваа постапка, погледнете го и ова одлично видео…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Содржина /затвори

Популарно

Може ќе ве интересира