Научете да ја фенирате вашата коса како вистински професионалец

Научете да ја фенирате вашата коса како вистински професионалец

Кога ќе излезете од фризерски салон, со убаво фенирана коса, вие сигурно го чувствувате ветрот врз секое влакно на вашата коса и сте многу возбудени. И покрај тоа што сте направиле само мала промена, сепак се чувствувате многу поубаво и имате повисока самодоверба. Па, доколку сакате постојано да го имате ова чувство, без притоа секојдневно да одите во салонот, погледнете ги следниве тајни кои ни ги откриваат професионалните фризери…

Научете да ја фенирате вашата коса како вистински професионалец

Изберете го вистинскиот фен

За да постигнете добра фризура со фенирање, исто како онаа која ја добивате во фризерскиот салон, неопходно е да додадете одредени алатки во вашиот арсенал. Па, доколку ви е потребен нов фен, погрижете се тој да ги има следниве карактеристики:

Јачина: Најмалку 1.800 вати со цел да го спречите виткањето на косата. Но, доколку вашата коса е густа и бујна, тогаш можеби ќе ви биде потребен и фен над 2.000 вати.

Тежина: Некои фенови можат да бидат навистина тешки и да ви предизвикуваат болки во рацете пред да успеете целосно да ја завршите вашата фризура, па токму затоа професионалците советуваат да користите фен кој не е потежок од 2 килограми.

Променлива брзина и контрола на топлината: Важно е да можете да ја контролирате количината на температурата на протокот на воздухот. Вашиот фен исто така би требало да содржи и ладно фенирање кое ја „смрзнува“ косата на едно место.

Дополнителни можности: Ако сакате да ја исушите вашата коса така што да биде рамна, тогаш потребен ви е додаток за фен кој ја насочува топлината и ја обликува вашата коса.

Керамика: Ова не е само тренд. Керамичките грејачи емитуваат силна топлина, помагајќи ѝ на вашата коса да се исуши побрзо и да биде рамна, додека пак негативните јонски кристали ѝ овозможуваат сјај и нежност.

Изберете ја соодветната четка за коса

Обликот на четката која ја користите има голема улога во крајниот резултат. Доколку сакате поголем волумен, изберете кружна четка со должина на цилиндарот од 2,5 до 7 сантиметри. Влакненцата на четката можат да бидат природни, синтетички или комбинирани. За оние четки со природни влакненца често се користат вепрови, кои се многу нежни за вашата коса. Исто затоа природните влакна имаат афинитет кон маслата така што подобро ги разнесува низ вашата коса, правејќи ги полесно да се впијат. Ова е особено важно кај сувата и оштетена коса. Фризерите најчесто препорачуваат да ги избегнувате металните четки, бидејќи металот брзо се грее и ја оштетува вашата коса.

Почеток на фенирањето

Поделете ја косата на три дела: преден, среден и заден, а потоа со шнола закачете ги деловите на врвот од вашата глава. Доколку имате шишки, оставете ги слободни и исушете ги веднаш, бидејќи подоцна тешко ќе ги скротите.

Техника на фенирање

Ставете го додатокот на фенот и почнете да сушите од задниот дел, така што ќе замотате дел од косата околу четката и ќе ја држите што е можно позатегната. Затегнатата коса е 50% од битката. Другите 50% се правецот на протокот на воздухот. Проверете дали воздухот се движи низ влакната од коренот до нивните краеви. Откако ќе ја исушите целата коса, користете го ладното фенирање со цел да ја стабилизирате косата.

Додајте малку сјај

Кога вашата коса е сува, завршете со сјај. Нанесете мало количество серум, со големина на грашок на вашите дланки и нанесете го рамномерно на косата од средината до краевите. Внимавајте да не претерате бидејќи на тој начин вашата коса може да делува мрсно и нечисто.

Клучни нешта кои треба да ги избегнувате

  • Сега кога знаете што сè ви е потребно за да постигнете совршено фенирана коса, исто како да сте биле во фризерски салон, погледнете ги следниве нешта кои треба да ги избегнувате:
  • Никогаш не ја држете четката во една насока, а фенот во друга. Клучот за елегантна, мазна коса е во симетријата.
  • Не нанесувајте премногу производи на вашата коса. Гел, лак, сјај… Овие производи нема да ви помогнат да го добиете изгледот кој го посакувате.
  • Не се обидувајте да ја фенирате косата додека е премногу мокра. Во тој случај ќе ѝ биде потребно многу подолго фенирање и ќе ја изложите на преголемо количество топлина без потреба.
  • Немојте премногу да ја сушите косата. Тоа е вообичаена грешка која може да ги оштети вашите прамени.
  • Не мрдајте го зглобот и не ја тресете косата бидејќи тоа нема поента. За време на фенирањето, држете ја косата најмирно што можете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар