Заменете ја цветната круна со овие бохо пролетни фризури, совршени за фестивал, што се голем хит оваа година. Ослободете го вашиот дух и дочекајте ја пролетта во своето вистинско светло!rn
1. Нагласени плетенки
rn
rnrnНадополнете ги обичните плетенки или опавчиња со материјал кој ќе ја освежи вашата пролетна фризура. Едноставно намачкајте ја косата со крем за стилизирање, одберете материјал што одговара на вашата облека и испреплетете го низ прамените.rn
2. Лента за коса
rn
rnrnЕдноставно и во тренд… но и одличен начин да го скриете потењето додека танцувате како луди! Прснете спреј за текстура на корените од косата и врзете шал од дебел материјал цврсто на вашето чело, па повлечете ја косата нагоре и ќе добиете бушав волумен!rn
3. Топли тетоважи
rn
rnrnТетоважите за коса се уште еден голем пролетен тренд што изгледа одлично на сончева светлина. Исчешлајте ја косата и соберете ја во цврсто опавче, па поставете ја тетоважата на местото на патецот. Со помош на влажен пешкир прекријте ја околу 2 минути и потоа одлепете го горниот слој. Зацврстете со лак за коса.rn
4. Прстени за коса
rn
rnrnВе фасцинираат хипи стиловите од 60-тите? Позајмете ја оваа одлична идеја од нив, така што ќе наредите прстени за коса околу плетенките.rn
5. Колоритни прамени
rn
rnrnНагласете ги прамените со силни бои, покажувајќи им на сите околу вас дека уживате во пролетното сонце. Исплетете 3 до 5 прамени, а потоа освежете ги со конци во различни бои. Заврзете го крајот на конецот цврсто и испрскајте ги врвовите со сув шампон пред да го исечете за да не се отпушти.