Направете сами: Домашна крема против темни кругови под очите
Верувале или не, за време на пролетта најголем број луѓе имаат проблем со темните кругови под очите. Со цел полесно да се справувате со нив, почнете да пиете повеќе вода и обидувајте се да спиете на грб. Исто така, постои и еден одличен рецепт кој можете многу лесно да го направите во вашиот дом. Сè што ви е потребно е 1/2 лимон и 1/6 патлиџан.
Во еден сад измешајте ги сокот од патлиџан и сокот од лимон. Не грижете се за семките бидејќи оваа смеса ќе ја нанесувате со помош на стапче. Пред нанесувањето не заборавајте добро да го исчистите вашето лице, а потоа нежно, во едно движење, нанесете ја смесата врз вашите темни кругови под очите. Оставете ја да делува 15 минути и потоа измијте ја со вода и нанесете хидратантна крема.
Лимонот содржи антиоксиданси и витамин Ц, па токму затоа ќе осветли вашата кожа, додека пак патлиџанот е преполн со антиоксиданси и витамините Б1, Б2, Б3, Б6 и А.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.