Кимоно: Модно парче кое мора да го имате за оваа пролет

Сподели

Кимоното го видовме секаде, од ревии до модните блогери. Го издолжува телото, има моќ да ја нагласи женската силуета, како и да покрие кога тоа е најпотребно. Одличен додаток за на плажа, но и за вечерни излегувања. Изобилува со интересни дезени и е изработено од лесни материјали. Најчесто е со реси.

Реклама

Ова парче стои одлично со летен фустан за да го ублажи строгиот изглед, но и да ја оживее комбинацијата со шорцеви и моторџиска јакна. Најчеста и најубава комбинација е со фармерки со цигари-ногавици и штикли бидејќи заедно се парот од соништата за издолжување на телото. Не е потребен голем труд за да го комбинирате, а добивате одличен боемски изглед.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира