Скокнала во кревет со братот на нејзиниот маж: Смешни исповеди за првата брачна ноќ
Има младенци кои на својата прва брачна ноќ се пикнале под чаршафите, воделе љубов, си кажувале колку се сакаат и биле воодушевени од тоа како си го поминуваат времето. Но, не се сите свадби и венчавки возбудливи на ист начин. Овие мини исповеди кои ќе ве насмеат до солзи сведочат за „мрачниот“ дел на брачниот завет, па дури на некој начин и ни покажуваат што навистина се случува во бракот. Или барем на првата брачна ноќ.
1. Ја изгубив невиноста на денот на венчавката, како што треба да биде по традиција. Но, тоа се случи во лимузината со возачот.
2. Немав секс со маж ми на првата брачна ноќ. Ја поминавме вечерта во чистење на тепихот на кој моето куче имаше извршено нужда.
3. Спиев со братот на маж ми на првата брачна ноќ и мислам дека се заљубив.
4. Мојата жена случајно со помоча од возбуда во текот на венчавката. Мислам дека емотивниот дел од тоа искуство е навистина сладок.
5. Со сопругот ја чекавме првата брачна ноќ за да водиме љубов… и беше баш без врска.
6. Денес требаше да биде мојата венчавка за која сонував цел живот. Мојот вереник на момчешката забава заврши во затвор. Животот ми е како комедија која тргнала во погрешен правец.
7. Играв со две личности на венчавката. Првата ја оженив, а втората сакав да ја оженам.
8. Првата брачна ноќ отидовме во хотел и се пикнавме во кревет… потоа гледавме „Семеен човек“.
9. Кога мојата преубава жена тргна накај олтарот, помислив дека фустанот ѝ е многу смешен.
10. Маж ми толку се опи на денот на венчавката што морав да го возам во венчаницата до дома. Без секс. Дури не ми ни помогна да го соблечам фустанот.
11. Ме фати паника на денот на венчавката. Свртев во спротивната насока и си заминав. Не се вратив.
12. Јас и сопругот имавме „тројка“ на првата брачна ноќ и беше совршено.
И за крај една романтична исповед…
13. Првата брачна ноќ немавме секс. Лежевме под прекривката и си кажувавме еден на друг зошто се сакаме. Мојата тајна? Не би го сменила тоа за ништо во животот.
Која е вашата тајна поврзана со вашата прва брачна ноќ? Пишете ни анонимно во коментарите.