Ако сметате дека на вашиот мозок му е потребно малку вежбање, загатките се одлична активност за тоа. Доколку не го вежбате мозокот редовно постои можност да го ослабите, а сигурно не сакате да се случи тоа. За оваа цел, раздвижете го вашиот мозок со овие интересни загатки.rn
1. Кој автомобил ќе го отстраните?
rn
rnrnСедум автомобили се начекале на раскрсница и настанал сообраќаен метеж. Доколку се отстрани еден автомобил, останатите би можеле да се движат без проблем. За кој автомобил станува збор?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]rnrnПроблемот ќе се реши доколку го отстраните автомобилот со бројот 3.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn
2. Како човекот ќе ги пренесе животните преку реката?
rn
rnrnЕден човек патувал со две овци и еден волк. Волкот би ги нападнал овците доколку остане насамо со нив. Човекот треба да ја премине реката со чамец, но со него може да понесе само едно од животните. Како ќе го направи тоа без волкот да остане насамо со овца?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]rnrnПрво ќе го земе волкот и со него ќе ја премине реката. Потоа ќе се врати и ќе ја земе едната овца. На враќање повторно ќе го земе волкот, ќе го остави на брегот и ќе ја понесе втората овца. На крај ќе ја премине реката заедно со волкот.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn
3. Како полицијата знаела дека сопругот е убиецот?
rn
rnrnЕден маж ја избодел неговата сопруга до смрт. Бидејќи наоколу немало никој, го оставил телото на земјата и го фрлил ножот во шумата. Потоа се качил во неговиот автомобил и отишол во неговата канцеларија. Еден час подоцна добил повик од полицијата за да го известат за убиството на сопругата. Го натерале веднаш да дојде на местото на злосторството. Кога стигнал, веднаш го уапсиле. Како знаеле дека тој е убиецот?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]rnrnПолицијата не му кажала каде е местото на злосторството.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn
4. Колку денови се потребни за да се исече целото парче материјал?
rn
rnrnЕден морнар имал парче материјал долго 16 метри. Секој ден сечел по 2 метри од парчето. За колку денови ќе го исече целото?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]rnrnЌе му бидат потребни 7 дена. Последниот останат дел од парчето материјал ќе биде долго 2 метри, па нема да има потреба да го сече уште еднаш.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
