3 едноставни вежби за тело без целулит

Сподели

Целулитот во никоја ситуација не помага да изгледате атрактивно, но постојат неколку начини на кои можете брзо да се справите со него. Постојат голем број студии кои тврдат дека појавата на целулитот настанува од лошата циркулација, а еден од најдобрите начини да ја подобрите вашата циркулација е валјакот направен од сунѓер. Тој влијае на истегнување на мускулите и отстранување на јазлите што резултира со подобра циркулација ширум целото тело. Па, доколку сакате брзо да го отстраните целулитот од вашето тело, почнете да ги практикувате овие 3 вежби:rn

Реклама

1. Масажа на бутините

rnОваа вежба ќе ги намали наслагите во горните области на нозете. Седнете на подот, подигнете го задникот и поставете го пенестиот валјак зад горниот дел од бутините. Ставете ги рацете на подот како поддршка и подигнете го вашето тело. Почнете да туркате нагоре – надолу така што валјакот ќе се движи по вашите бутини. Повторете 10 пати.rn

2. Вртење на колковите

rnОваа вежба ќе ви помогне да го тргнете целулитот од областа кај колковите. Легнете на вашата десна страна и поставете го пенестиот валјак под вашиот десен колк, притоа задржувајќи ја вашата десна нога исправено. Свиткајте го левото колено и ставете ја левата нога на подот за поддршка. Исправете ја десната рака и почнете со подигнување на вашето торзо. Повторете 10 пати, а потоа сменете ја ногата.rn

3. Затегнат задник

rnОваа вежба ќе ви помогне да го отстраните целулитот од вашиот задник. Седнете на пенестиот валјак, ставете ги рацете зад телото за да одржувате рамнотежа и поставете ги петите на подот. Свртете ги колената на десната страна, а потоа почнете да се движите со колковите и колената кон лево. Повторете од 8 до 10 пати.

Покрај овие вежби, можете да користите и третмани со кокосово масло со цел да го забрзате процесот на отстранување целулит. Исто така, многу е важно да внимавате на исхраната, да имате правилна хидратација на телото и редовно да вежбате.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира