Техники за самопомош: Откријте го херојот во себе
На секој може да му се случи во одредени фази од животот едноставно да се „заглави“. Ние правиме сè што можеме, но сепак не го добиваме посакуваниот ефект. Се обидуваме да ја оствариме нашата цел на сите можни начини, но ниту еден од нив не ни успева. Што е проблемот? Постои решение? Да, и тоа многу едноставно. Треба да поработите на себе.
Освестувањето и спознавањето на самите вас може многу да ви помогне за да го промените мислењето и однесувањето, како и конечно да ги остварите посакуваните резултати. Секој од нас има различни очекувања од себе во животот, кои ние сами сме си ги задале или другите ни ги наметнале, но така функционираат сите луѓе. Секој човек има природно тежнеење кон напредок.
Кога копнеете за нешто што го немате, вашиот фокус е насочен токму кон тој недостаток. Во тие моменти вас ве обзема чувството на она што го немате. Истовремено, бидејќи вие сте концентрирани на лошите мисли, почнувате да создавате лоша слика за себе и ги занемарувате добрите особини. Среќа, ова однесување можете да го промените уште денес, со помош на една квалитетна техника за самопомош позната како „херој“. Нејзината цел е да ги претвори вашите негативни мисли во позитивни и да ги откриете сите оние доблести за кои можеби и не сте биле свесни дека ги поседувате.
Епа ајде да почнеме. Замислете одредена цел. Сигурно сте запознаени со способностите и особините кои треба да ги имате за да можете да ја постигнете. Кога знаете што треба да направите, сигурно веднаш помислувате и на тоа што не можете да го направите. Во тој момент вие се потсетувате на сите оние нешта кои знаете дека не се вашата „силна страна“. Токму затоа треба веднаш да го вратите фокусот на вашите позитивни особини. Со оваа цел, направете ја вежбата „херој“ во 3-те наведени чекори…
Прв чекор
Размислете дали познавате некоја личност која има способности кои вие мислите дека ви недостасуваат. Сигурно оваа личност е вистинскиот синоним за она што вам ви е потребно. Со други зборови, таа би требало да биде вашиот идол.
Втор чекор
Запишете го името на оваа личност, а под името дефинирајте ги сите особини кои таа ги поседува. На пример, Ана: флексибилност, искуство, храброст, толеранција, умереност…
Трет чекор
Заменете го името на личноста со вашето име. Почнете да ги набљудувате овие особини, една по една и сетете се барем на еден настан од вашиот живот каде што сте ја имале наведената способност и потоа проценете ги, една по една:
- Во која мерка сте ја имале или воопшто никогаш не сте ја немале оваа способност?
- Во која мерка таа е „заспана“ во вас и дали треба да се активира?
- Како е можно тоа да го остварите?
Сигурно сега се прашувате како оваа вежба може да ви помогне. Одговорот е многу едноставен. Таа ќе ви помогне да излезете од вашите познати обрасци на размислување кои ве довеле до ова место каде што во моментов се наоѓате. Одговорите кои ќе ги добиете од оваа вежба ќе го променат вашиот фокус од лошото на доброто и ќе ве уверат дека имате поголем дел од потребните способности за квалитетен и исполнет живот. Исто така може ќе добиете и увид во решението на проблемот како да ги стекнете или подобрите посакуваните способности.
Додека се движите низ оваа вежба, ќе откриете и како сте успеале да се убедите дека мора да ја остварите вашата цел на точно одреден начин, иако тоа решение можеби и не било најдобро. Можеби вие сте виделе некој друг со сличен проблем кој го решил на тој начин, па сте се увериле дека тоа е единствениот пат и за вас.
Токму затоа многу е важно да знаете само едно нешто, а тоа е дека решението на вашите проблеми, секогаш и без никаков исклучок, доаѓа од начин кој е својствен само за вас. Тоа е оригинално и само за вас најдобро. Тоа нема никакви допирни точки со другите луѓе, нивниот начин на размислување, условите или способностите – тоа зависи само од вас. Од тие причини треба да работите на себе, бидејќи тоа е единствениот пат по кој ќе дојдете до саканата цел. И за крај, не заборавајте да мислите добро за себе бидејќи само на тој начин ќе биде и сè останато добро.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.