КАФЕ ПАУЗА

Момци, секоја девојка чека да ѝ ги пишете овие 8 видови пораки

Живееме во време кога пишувањето пораки е исто толку важно за нашиот живот како и разговорот во четири очи. И покрај тоа што треба да постои одреден баланс помеѓу овие два вида разговор, за кој нема да зборуваме сега, сепак постојат и неколку пораки кои секоја девојка копнее да ги добие од своето момче.rnrnМомци, секоја девојка чека да ѝ ги пишете овие 8 видови поракиrn

1. „Добро утро“

rnСигурно би сакале да бидете малку креативни со оваа порака. Погледнете го вашето ќесе со трикови и размислете добро бидејќи оваа порака ќе биде првото нешто што таа ќе го прочита по отворањето очи од сабајле. Погрижете се да биде порака која инстантно ќе ја расони и која ќе памети уште долго време.rnrnЗнаете колку други момци сигурно веќе ѝ пишале „добро утро“? Токму затоа треба да најдете начин како да се издвоите. Еден од најдобрите начини е доколку додадете и сладок прекар покрај овие два збора. Најдете нешто што е топло, не премногу провокативно и што ќе направи таа да се почувствува сакано. На пример, „Добро утро сонце“.rn

2. „Одлично си поминав со тебе“

rnАко навистина ви се допаѓа времето што го поминувате со оваа девојка, тогаш е клучно да бидете директни за тоа. Не бидете срамежливи момци, девојките никогаш нема погрешно да ја сфатат оваа порака. Доколку не ѝ кажете како сте си поминале, таа нема да знае.rnrnБидете кратки и слатки во изразувањето и преминете директно на целта. Ако сте се забавувале со неа едноставно пишете ѝ „Многу ми беше забавно со тебе вчера“. Не е важно колку специфично ќе го објасните тоа сè додека сте директни и искрени за вашите чувства. Способноста да ги претворите вашите емоции во зборови покажува висока самодоверба, а верувајте, девојките навистина го сакаат тоа.rn

3. „Мислам на тебе“

rnВнимавајте колку често ја користите оваа порака, бидејќи ако претерувате таа може да помисли дека сте напорен и морничав. Особено доколку сте на почетокот на врската и ако вашите емоции не се 100% израмнети, таа може да се почувствува непријатно бидејќи воопшто не размислува за вас толку многу.rnrnНо, ако ѝ се допаѓате исто толку што и таа ви се допаѓа вас, особено ако веќе некое време сте заедно, тогаш оваа порака може многу да ви се исплати. Таа ќе го цени тоа што наоѓате време во текот на денот на помислите на неа и дека сте доволно чувствителни да го признаете тоа.rn

4. „Ова е тоа што те прави посебна во моите очи“

rnАко има нешто што секоја девојка го сака, покрај дијамантите секако, тоа е комплиментот. Доколку нешто кај неа многу ви се допаѓа, погрижете се таа да го знае тоа. Не заборавајте дека вие би требало да бидете поисплашени од тоа што нема да го кажете отколку од тоа што ќе го признаете гласно, бидејќи многу често мажите се обидуваат да изгледаат кул и жените тоа можат да го сфатат како апатија и да изгубат интерес.rnrnДоволна е само една „рандом“ порака во која ѝ кажувате дека е убава или пак, дека ви се допаѓа како ѝ стои новиот фустан за многу да ви помогне во одржувањето на нејзиното внимание.rn

5. „Ми недостасуваш“

rnОваа порака не се препорачува доколку сте во почетоците на вашата врска, но доколку сте веќе некое време заедно тогаш е соодветна. Доколку ви недостасува вашата партнерка, сосема е во ред да ѝ го признаете тоа и на неа. Зарем има девојка која не би сакала да ги слушне овие зборови? Особено ако и таа се чувствува исто.rn

6. „Те сакам“

rnКога ќе го скршите мразот со овие зборови во живо, нема потреба да продолжите да се воздржувате. Токму затоа бидете што е можно повеликодушни со таа изјава. Не постои ниту една девојка која не сака да се почувствува сакано, особено од онаа личност во која и таа е заљубена.rn

7. „Како ти помина денот денес?“

rnНајчесто ова прашање се спомнува во разговори со луѓе за кои и не ви е толку грижа. На пример, вие седите во автобус до личност со која се познавате и не сакате да зборувате за вас, па го поставувате тоа прашање чисто за да ја избегнете непријатната тишина за време на остатокот од патувањето.rnrnНо, кога ќе ја испратите оваа порака на девојка која ви се допаѓа и преку неа вие искрено сакате да откриете што ѝ се случува денес, тогаш ова прашање добива сосема нова форма. Вие на овој начин ќе ѝ покажете дека навистина се грижите и дека сакате да бидете поголем дел од нејзиното секојдневие.rn

8. „Извини“

rnКога сте во сериозна врска, одвреме-навреме ќе настанат расправии. Сите сме луѓе и токму затоа и имаме право на сопствено мислење. Па, кога ќе се појави одреден конфликт, потребно е да го завршите соодветно со цел да не остане да „виси“ проблемот во воздухот околу вас. Доколку навистина имате чувства кон оваа девојка, тогаш најдобриот начин да се справите со работата е доколку се обидете да го преземете конфликтот во вашите раце.rnrnПреземете одговорност така што ќе преземете иницијатива за решавање на проблемот и ќе се извините. Дури и ако сте седеле во тишина цели 2 часа. Ова ќе ѝ покаже дека сте доволно зрели да ја голтнете вашата гордост за доброто на врската и токму тоа е она што таа ќе го цени повеќе од сè.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.