Велат дека очите се прозорец на душата и тоа дефинитивно го потврдуваат прекрасните портрети на холандскиот фотограф Марио Герт. Погледите и изразите на лицата на локалните жители во разни предели од Африка доловуваат цели животни приказни, а самиот фотограф успева да ги пренесе со многу емоции. Луѓето се сликани во нивната традиционална облека, меѓу нив има мажи и жени на различни возрасти, па сето тоа на некој начин ја прави секоја фотографија посебна. Марио во целост ја прикажува моќта на фотографијата кога станува збор за пренесување емоции.rnrn

rnrnОсвен талентиран фотограф, Марио е и голем авантурист, всушност оваа фотосесија настанала благодарение на неговата љубов кон патувањата. На 27 години тргнал на пат околу светот на неговиот велосипед, па возејќи од Кејптаун кон Каиро имал можност да се запознае со убавините на Африка. Освен фасцинантната природа, она што најмногу го воодушевило биле и луѓето од разни племиња и нивниот номадски живот. По неговата прва посета Марио се вратил назад во Африка уште осум пати за да направи нови фотографии како дел од неговиот проект „Африкански портрети“.rnrn

rnrnЗа својата фотосесија Герт вели дека има за цел да ја зачува, на некој начин, културата на луѓето коишто ги сретнал при неговите патувања. Според него, многу од племињата со кои се запознал нема да постојат за некои 25 години и затоа сакал да ги овековечи онака како што изгледаат денес. Тврди дека никогаш не ги подготвувал луѓето кои ги избирал за сликање и секогаш се фотографирани онака какви што биле кога ги сретнал.rnrn
„Облечени во животинска кожа, школки, листови, овие луѓе беа украсени со природа, што е сосема спротивно од она што го правиме ние. Сакам луѓето да застанат пред овие фотографии и да погледнат длабоко во нивните очи, прозорците на Африка.“
rnПод „ние“ секако мисли на западната цивилизација, а особено ова го нагласува за Европејците и смета дека воопшто не сме благодарни за она што го имаме, за разлика од Африканците.rnrn


rnrnВизијата на овој амбициозен фотограф е да ја смени барем малку перцепцијата на светот за Африка – континентот на хаосот. Герт тврди дека реалноста е сосема спротивна од стереотипот и „модерните номади“ облечени во фармерки, со смартфони и секогаш во брзање треба да бидат свесни и да го ценат начинот на живот на овие луѓе.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
