Првото нешто што може да се каже за огледалата, а е очигледно, е дека тие рефлектираат. Тоа значи дека го прикажуваат одразот на сè она што се наоѓа во нивната непосредна близина. Затоа тие се важен елемент кој се користи при фенг шуи.rnrn
rnrnКога избирате огледало треба да земете предвид неколку фактори. Прво, треба да го утврдите местото на кое ќе го поставите, и второ, функцијата која треба да ја има.rnrnОгледалата во фенг шуи се користат за да се зголеми просторот или енергијата, да се надомести недостатокот на агол во некоја просторија, да се сврти текот на позитивната енергија во саканиот правец или да се одбие негативната.rn
Забрането поставување
rnОгледалата го зголемуваат тоа што го прикажуваат, така што ако создаваат одраз на нешто што е неповолно за добар фенг шуи, тогаш тоа уште повеќе ќе го потенцира. Всушност постојат повеќе забрани кога станува збор за огледалата.rnrnНикогаш не смеат да бидат сместени така што ќе создаваат директен одраз на влезната врата, бидејќи така ја испраќаат надвор сета позитивна енергија која сака да влезе во вашиот дом.rnrnНе смеете да ги поставувате така што ќе создаваат одраз на вецето, бањата или кујната.rnrnНе смеат да прикажуваат канти за ѓубре, неред или нечистотија во која било смисла.rnrnВо спалната соба, тие создаваат кавги и недоразбирање меѓу сопружниците и поттикнуваат на вонбрачни излети. Без разлика дали се на таванот, на ѕидот или на плакарот покрај креветот, тие создаваат одраз на луѓето кои таму спијат. Симболички тоа изгледа како луѓето да се мртви, па така настанува штетна енергија која произведува болести, а ако веќе постои болест и ако се поклопи со уште некој негативен фенг шуи фактор, може опасно да го загрози животот. Ако не можете да ги отстраните, покривајте ги со непроѕирна ткаенина пред спиење.rnrnКога станува збор за изборот на положбата мора да знаете дека огледалото е воден елемент и според тоа никогаш не смее да се најде на јужната страна во домот.rnrnСето ова звучи малку страшно, но ако се придржувате до фенг шуи правилата, огледалата всушност може да ви донесат среќа и напредок.rnrn
rn
Поволно поставување
rnОгледалото поставено во трпезаријата (не во кујната), така што создава одраз од храната која е поставена на трпезариската маса и семејството кое овде се обединува за оброците, ќе ви донесе благосостојба и хармонични семејни односи.rnrnМожеби сте забележале во многу продавници дека огледалата се поставуваат така што создаваат одраз од местото за наплата. Огледалото симболички ја удвојува количината на пари кои влегуваат во касата и со тоа носи позитивна енергија која привлекува поголемо богатство.rnrnДоколку поставите големо огледало во мала просторија, тоа ќе ја направи да изгледа поголема одошто е.rnrnОгледалото може да надомести за недостатокот на агол во просторија со неправилен облик. Потребно е да се постави на оној ѕид кој го нарушува правилниот облик и симболички, тоа ќе го продолжи просторот во оној правец каде што е тоа потребно.rnrnВо ходниците кои имаат таков облик што енергијата интензивно и брзо тече директно само во една просторија, занемарувајќи ги останатите, огледалото може да послужи за да се смени насоката на енергијата и кон другите делови од домот.rnrn
rn
Одбивање на негативната енергија
rnВо случај кога некоја негативност од вашата околина ја погодува директно вашата влезна врата, таа енергија може да ја одбиете поставувајќи огледало надвор од домот, директно на или над влезната врата.rnrnОва вака делува едноставно и ефикасно, но доколку отспротива имате соседи, таа одбиена енергија со голема брзина и со засилен интензитет ќе се упати кај нив, што носи несреќа, болести и загуба. Ако не сте во најдобри односи со соседите, ова можеби ќе ви изгледа како добра идеја, но имајте на ум дека ако правите некому зло, си правите зло и на самите себеси.rnrnЗатоа овој вид контролирање на енергијата воопшто не се препорачува.rnrn
rn
Избор на огледала
rnПрвото нешто што треба да го имате на ум кога станува збор за изборот на огледалото е дека оние кои се составени од делови создаваат исцепкана слика од нас или од она што го одразуваат, што влијае многу непогодно.rnrnПремалото огледало ќе создаде впечаток дека ни фали дел од лицето или главата, а тоа може неповолно да делува на нашата слика за себе. Огледалото би требало да е доволно големо за да во него се гледа целата ваша глава барем до градите, поточно делот до под висината на вашето срце.rnrnВалканите, скршени или стари огледала исто така се лоши.rnrnТреба да имате едно големо огледало некаде во домот во кое сите домашни можат одеднаш да се видат од глава до пети.rnrnГолемината на огледалата кои ги користите за корективни цели ќе зависи од големината на просторот во кој ги поставувате, како и од големината на она што го коригирате.rnrnОпштото правило е дека огледалото со дијаметар од 20 см енергијата ја рефлектира 1 м назад во просторот, огледалото од 40 см рефлектира 2 метри назад во просторот.rnrnУште еден аспект во врска со огледалата е нивниот облик.rnrnТриаголни огледала не смеете да поседувате во никој случај, бидејќи триаголникот е симбол на огнот, а огледалото припаѓа на водените елементи.rnrnПравоаголните и квадратните огледала се јанг, а овалните и кружните јин. Кружните и овалните огледала се попогодни за простории во кои се живее од квадратните и правоаголните. Бидејќи се направени од стакло, тие имаат остри рабови и мора да бидат врамени или фацетирани за да не создаваат негативна енергија.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.