10 ветувања кои вистинскиот маж ќе ѝ ги вети на својата сакана личност

10 ветувања кои вистинскиот маж ќе ѝ ги вети на својата сакана личност

Тажно, но вистинито, денес не веруваме многу во ветувања. Сигурно и вие се воодушевувате кога ќе здогледате некој пар кој е веќе 35 години во брак, а сè уште го има оној заљубен поглед од младоста. Кој е нивниот рецепт, тајната за среќен брак и заљубен поглед? Можеби се крие во малите, но волшебни ветувања. Погледнете ги овие ветувања кој секој вистински маж ќе ѝ ги вети на својата сакана личност пред да стапи во брак со неа.

1-10-vetuvanja-koi-vistinskiot-mazh-kje-gi-veti-na-svojata-sakana-lichnost-www.kafepauza.mk_

1. „Ти ветувам дека секогаш ќе бидам до тебе, без разлика што и да сè случи.“

Најлесно е да бидете со некого во „сончевите“ денови, кога сè оди како подмачкано. Но, во тешките денови се гледа кој е ваш најдобар пријател и кој навистина ќе остане со вас. Ветувањето кое ќе ви го даде саканата личност дека ќе биде со вас без разлика на сè што ќе се случи е едно од најважните. Да имате покрај себе личност која ќе остане со вас додека другите бегаат е нешто најубаво што може да го посакате од саканата личност.

2. „Ти ветувам дека ќе ми бидеш приоритет.“

Деловниот успех е секако важна цел во животот на секој човек, но не и најважна и никогаш не би требало да биде пред саканата личност. Избалансирајте правилно за ниту една страна да не биде повредена.

3. „Ти ветувам дека никогаш нема да заборавам колку те сакам.“

„И ќе ги повторувам волшебните зборови ‘те сакам’ секој ден.“ Не само во првите години додека трае страста, туку и многу децении подоцна. Вистинскиот маж нема да дозволи неговата сакана да се почувствува запоставено и да се сомнева во неговата љубов. Со мали дела, слатки зборови и подароци од срце, љубовта се обновува.

4. „Ти ветувам дека нема да го изгубам својот идентитет.“

Во здравата и среќна врска многу е важно личноста да не го загуби својот идентитет… да го задржи својот живот, навики, хоби. Само на овој начин може двајцата да бидат среќни и задоволни. Бракот или врската не се затвор во кој личноста ги губи работите кои претходно ја правеле среќна.

5. „Ти ветувам дека секогаш ќе ни биде интересно како сега.“

Поточно „Ти ветувам дека во бракот нема да западнеме во рутина“. Со мали гестови, детали, изненадувања… може да ја зачувате свежината во вашата врска и вашата љубов никогаш да не престане.

6. „Ти ветувам дека ќе направам сè најдобро за нашите деца.“

Иако можеби нема да успее да им обезбеди сè што планирал, најважно е да се труди, да ги воспитува и да ги сака своите деца.

7. „Ти ветувам дека ќе те прифатам со сите недостатоци и предности и ќе те обожавам поради нив.“

Сите ние имаме недостатоци, несигурности, чудни навики, промени на расположението… но тоа не значи дека ќе ја сакате помалку таа личност. Прифаќајќи ја личноста таква каква што е, и без разлика да ја обожавате поради тоа, е најубавата работа што може да ја очекувате во животот.

8. „Ти ветувам дека нема да те сакам само поради физичката убавина.“

Секако дека вие ќе сакате, а и некој ќе ве сака вас бидејќи сте му најубави на цел свет, привлечни сте му и не може да ви одолее. Меѓутоа младоста и убавината не остануваат вечно со нас, па затоа најважно е да пронајдете личност која ќе ве сака и кога ќе поминат најубавите години.

9. „Ти ветувам дека ќе се грижам за своето здравје.“

Со ова ветување покажува дека не е себичен. Така што ќе го чува своето здравје подолго ќе биде со вас и вашите деца. Своите здрави навики ќе ги пренесе на децата. Има ли нешто поважно од здраво и среќно семејство? Се обложуваме дека нема.

10. „Ти ветувам дека ќе бидам со тебе сè додека смртта не нè раздели.“

Ова ветување најверојатно сте го слушнале многупати. Иако животот не е бајка, се случуваат многу разводи кои ги разделуваат двете личности пред смртта, вистинските личности ќе го чуваат она што го пронашле до крајот на животот. Сите ние сонуваме дека ќе ја пронајдеме нашата друга половина и ќе бидеме со неа до крајот на животот, во добро и лошо… Да, прекрасно е да го добиете ова ветување, искрено и од срце.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар