Гламурозна фризура од 50-тите години, совршена за вашиот следен свечен настан
Доколку ви е здодеано од сите оние модерни фризури и сакате да направите со вашата коса нешто интересно и необично кое малку ќе ве издвои од останатите, тогаш ви ја препорачуваме оваа фризура која била многу модерна во 50-тите години. Таа не е воопшто тешка за правење и ќе ви одземе помалку од 10 минути од вашето време за подготовка.
Сè што ви е потребно за оваа фризура е: чешел, стегач во форма на крофна за пунџи, гумени ластичиња за коса, мали црни шнолички и лак за коса. Погледнете го овој туторијал кој чекор по чекор ќе ви покаже како да ја направите оваа одлична фризура.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.