Сакате да имате бохо стил? Еве како да го постигнете!

Сакате да имате бохо стил? Еве како да го постигнете!

Идејата за боемскиот стил на облекување често се меша со хипи модата или со хипстерската, но ова е нешто сосем поинакво.

1-Sakate-da-imate-Boho-stil-Eve-i-kako-do-nego-kafepauza.mk

Ваквиот изглед можете да го постигнете многу едноставно, сè што ви е потребно се: фустани со V израз, долги наметки, убави шапки, марами и смела шминка. Сите овие елементи го создаваат боемскиот стајлинг.

Силот на боемската мода е многу полесен да се изведе отколку што изгледа. Овој стил е точката каде се спојуваат урбаното и рустикалното. Тој е секогаш во допир со сè и е секогаш во мода.

Боемскиот начин на облекување може да ви изгледа како користење на куп основни бои, како кафена, црна, темно црвена, но всушност се состои од нијанси со кои можете да си играте.

01-Sakate-da-imate-Boho-stil-Eve-i-kako-do-nego-kafepauza.mk 02-Sakate-da-imate-Boho-stil-Eve-i-kako-do-nego-kafepauza.mk

МОДНИ ДОДАТОЦИ

1. Обетки

Можете да одберете вакви ситни и едноставни обетки, но типичните боемски обетки се долги и со интересен дизајн. Претежно се во црна, златна или бела боја.

2-Sakate-da-imate-Boho-stil-Eve-i-kako-do-nego-kafepauza.mk

2. Алки

Земјени тонови! Боемскиот изглед, особено алките и ѓерданите, ја истакнуваат убавината на природните бои кои лесно ја оживуваат секоја друга боја.

Затоа треба да ги поседувате и во многу други живи бои како сина, виолетова, тиркизна, сива. И секогаш носете повеќе од една алка. Носете шест!

3-Sakate-da-imate-Boho-stil-Eve-i-kako-do-nego-kafepauza.mk

3. Ланчиња

Сите ланчиња во боемски стил имаат една заедничка карактеристика: или се премногу крупни или се премногу долги. Обично се носат во повеќе нијанси од една боја или пак во 5 различни бои. Но покрај тоа што немате ограничување со боите, немате ограничување ни со формите. Можете да одберете кристали, пердуви, приврзоци, и сите да бидат на едно ланче.

4-Sakate-da-imate-Boho-stil-Eve-i-kako-do-nego-kafepauza.mk

Ваков тип ланче можете да комбинирате со едноставен црн фустан или со еднобојни топ-маици во комбинација со наметка или елече со реси. Вашиот боемски стил треба пред сè да ве изрази вас како личност, а потоа и светот околу вас. Сите долги ѓердани коишто ќе ги најдете можат да послужат за да постигнете боемска експресија.

5-Sakate-da-imate-Boho-stil-Eve-i-kako-do-nego-kafepauza.mk

4. Очила

Како и кај хипстерите, боемскиот стил има исти идеи кога се во прашање очилата. Тие се заоблени и темни и исто така одговараат со секаков вид гардероба. Ќе изгледате забавно во секоја ситуација со овие очила.

6-Sakate-da-imate-Boho-stil-Eve-i-kako-do-nego-kafepauza.mk

5. Панделки

Повторно концептот на боемскиот стил се доближува до хипстерскиот кога е во прашање овој додаток. Можете да одберете панделка во боја, цветна панделка или пак марама која ќе ја врзете околу главата. Без овој додаток, боемскиот стил нема да биде целосен.

7-Sakate-da-imate-Boho-stil-Eve-i-kako-do-nego-kafepauza.mk

КОСА

1. Брановидна коса

Ова е популарен изглед кој можете да го постигнете доколку ја оставите вашата коса природна или пак дополнително ја прекршите. Оваа фризура е добро прифатена затоа што изгледа свежо и му дава драматичен ефект на вашиот изглед, кој секако ќе падне во око.

8-Sakate-da-imate-Boho-stil-Eve-i-kako-do-nego-kafepauza.mk

2. Плетенки

Боемскиот стил повикува на драстично долги плетенки како овие на сликата. Тоа го создава оној урбан изглед кој во последно време се изгуби.

8-Sakate-da-imate-Boho-stil-Eve-i-kako-do-nego-kafepauza.mk

ШМИНКА

1. Очи

Тешката црна шминка и земјените тонови како кафената и кожа бојата во комбинација со ефектот на зачадените очи со интензивна маскара се белег на овој стил. Вака ќе изгледате мистериозно, смело и бестрашно.

10-Sakate-da-imate-Boho-stil-Eve-i-kako-do-nego-kafepauza.mk

2. Усни

Црна цреша, енергична црвена и розова, па дури и месо боја на кармин е клучот за успешно комплетирање на овој тренди изглед. Ваквите бои ќе предизвикаат безброј реакции од луѓето за тоа како се добиени тие совршени нијанси на вашите усни.

11-Sakate-da-imate-Boho-stil-Eve-i-kako-do-nego-kafepauza.mk

Комплетирањето на боемскиот стил не е лесно, но секако е забавен процес. По сите чекори и процеси ќе блескате во бохо стил со кој ќе оставите свој печат каде и да се движите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар