10 работи кои ќе ви покажат дека во животот нема правила

10 работи кои ќе ви покажат дека во животот нема правила

Живеј го животот вака, живеј го онака… Живејте го како што сакате. Правила нема. Следните редови ќе ве убедат во тоа.

10 работи кои ќе ви покажат дека во животот нема правила

1. Вашиот живот е поинаков од сите други

Нема двајца луѓе кои се исти, нема двајца луѓе на кои им се случуваат исти работи и нема такви коишто имаат идентични животи. Сечиј живот е уникатен. Оној кој вие го живеете е толку посебен што никој друг никогаш не го живеел и нема да го живее во иднина. Сте примениле вие некакви правила или не, тоа на крај пак ќе биде така. Вашите искуства ќе бидат уникатни.

2. Има некои случајности кои многу решаваат

Велат дека среќата ги следи храбрите или дека секој сам си ја создава среќата. Но, како ќе реагираат ако тоа им го кажете на луѓе кои ги изгубиле своите сакани во сообраќајка за која некој друг бил виновен, на оние кои изгубиле некој близок поради болест која не може или не знаеме како се спречува или некој погоден од природна катастрофа. Не може да одречеме дека постојат случајности или, ако сакате, среќа која одлучува за некои работи во животот. На пример, каде сте се родиле, кои ви биле првите пријатели, какви ви биле бабите и дедовците затоа што од нив зависат уверувањата на вашите родители и многу други работи на кои не можеме да влијаеме. Секој од нас може да се бори, но не стартуваме сите од иста позиција токму поради овие случајности кои ги прават правилата за животот релативни.

3. Успехот ги лаже луѓето дека многу знаат

Успехот го храни егото. Иако постојат многу малку успеси кои се мерливи, оној кому тој му е признаен добива комплименти за неговите квалитети, му се кажува дека е најдобар, најубав, најпаметен… Иако тој има мало животно искуство, ќе мисли дека може да ви дели совети за тоа како да го живеете животот. Можеби може за областа во која успеал, но не и за сè друго.

10 работи кои ќе ви покажат дека во животот нема правила

4. Зборовите на некои личности имаат поголема тежина од другите

Ако прочитате некој цитат од Алберт Ајнштајн секако дека ќе помислите дека тоа е врвот на мудроста. Ако истата мисла ви ја каже некој кој не се вика Ајнштајн, сигурно тоа ќе го прифатите поинаку. Не можете самите да расудувате кој совет навистина е добар, а кој не е.

5. Можете да мислите со своја глава

Секогаш можете сами да извлекувате заклучоци без да слушате некој друг. Можете да мислите со своја глава и сами да ги конструирате правилата за живеење на вашиот уникатен живот. Тие можат да бидат различни од она што го читате во книгите и од она што го зборуваат луѓето, но ќе бидат поточни и посоодветни за вас од било чии туѓи.

6. Опасност од импровизации

Постојат повеќе начини да постигнете некаков успех во животот, но се наметнуваат само оние кои подобро ќе „се продадат“. Некои луѓе знаат добро да импровизираат, да постигнат успех со малку среќа и многу импровизација и потоа да ви продаваат совети за вие да го постигнете истото. Но, можеби и некој друг ги применил истите тие совети порано и не успеал. На крај оној што знае добро да импровизира ќе се наметне како авторитет и ќе ви зборува за животни лекции кои претходно не биле применливи во нечиј живот и можеби нема да бидат применливи во вашиот живот. А можеби и не успеал баш поради тие правила.

10 работи кои ќе ви покажат дека во животот нема правила

7. Лекциите доаѓаат и од неуспесите, но никој не го почитува тоа

Луѓето кои нижат успеси постојано повторуваат дека научиле многу од своите грешки. Но, ако сега ви дојде некој и ви зборува за лекции кои ги извлекол од сопствените неуспеси нема да го послушате, туку ќе се обратите кај некого кој веќе успеал. Лекциите се и кај едниот и кај другиот, но никој не го гледа тоа така.

8. Постои повеќе од еден пат до среќата

Колку што има луѓе, толку има и уникатни животи и патишта до среќата. Луѓето ќе ви кажуваат да одите по нивниот пат затоа што тие стигнале некаде одејќи по него. Сигурно и вие ќе стигнете некаде ако тргнете по истиот пат, но не се знае дали ќе бидете среќни на крај. Постојат многу патишта до среќата, но не се знае кој е наменет за вас.

9. Мораме и да се коцкаме по малку

Понекогаш има работи на кои не можеме да влијаеме и не можеме да ги предвидиме, а сепак мораме да дејствуваме во врска со нив. Тогаш нема правила.

10. И следејќи ги правилата, пак ќе грешиме

Животот е во ваши раце сè до моментот кога веќе нема да биде. Ќе направите што може да направите, ќе ги следите правилата за животот, но може тие да не функционираат за вас. Едноставно, живејте и прифаќајте ги работите како што доаѓаат. Во животот нема правила кои можат со сигурност да ви донесат задоволство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар