Само најпаметните ќе преживеат: На вагата се 8 капсули, а само една е отровна

Само најпаметните ќе преживеат: На вагата се 8 капсули, а само една е отровна

Секојдневно се среќаваме со разни интернет загатки и интересни задачи. Овој пат за вас имаме една интересна загатка, во која се вклучени една вага и 8 капсули. Дали сте толку паметни за да ја решите и да избегате од собата?

1-samo-najpametnite-kje-prezhiveat-na-vagata-se-8-kapsuli-a-samo-edna-e-otrovna-www.kafepauza.mk_

Некој човек ве затворил во соба. На масата ви оставил: вага, капсули и порака.

Во пораката го пишувало ова:

Една од овие капсули е отровна, а таа тежи помалку од другите. Ќе преживее оној, кој ќе ги испие сите 7 капсули освен отровната. Вагата можеш да ја користиш само за две мерења, после тоа таа ќе се заглави. Ако не се отруеш, ќе те пуштам.

Ако не успеавте, погледнете го решението.

  • Решение

    На првото мерење ќе поставите 3 капсули од едната страна и 3 на другата. Ако се идентична тежина, тогаш од преостанатите 2 капсули една е отровна. На второто мерење ги поставувате преостанатите 2 капсули и која е полесна, таа е отровната.

    Ако на првото мерење, едната страна е потешка од другата, тогаш ги земате трите капсули од полесната страна, а другите ги оставате со преостанатите 2. На второто мерење, од трите капсули на вагата ставате две капсули. Ако се различна тежина тогаш полесната е отровна. Ако и двете се иста тежина, третата капсула е онаа отровната. Супер, успеавте да излезете од собата!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар