Учете од најдобрите: 6 нешта кои успешните жени никогаш не ги кажуваат

Учете од најдобрите: 6 нешта кои успешните жени никогаш не ги кажуваат

Успешните, паметни и силни жени се секогаш еден чекор пред останатите. Тие знаат многу мали трикови за успех со кои секојдневно се служат. Дел од овие трикови се и следниве нешта кои тие никогаш не би ги ни помислиле, па токму затоа тие и се толку успешни.

Учете од најдобрите: 6 нешта кои успешните жени никогаш не ги кажуваат

„Не знам како!“

Постои теорија дека паметните и успешни жени се оние кои се најснаодливи. И тоа е точно. Тие не секогаш знаат како нешто да направат, особено ако станува збор за нешто ново, но тие никогаш не се откажуваат и набрзо сфаќаат како. Тие цело време ги набљудуваат колегите, барајќи начини на кои тие се справуваат со одредени нешта, постојано поставуваат прашања и детално ја истражуваат целата работа. Токму на овој начин и успеваат во својата намера. Сите ние можеме да научиме како нешто се прави, само треба да се потрудиме.

„Немам време!“

Сите луѓе на оваа планета имаат 24 часа во денот, па гледајќи ги успешните, лесно можете да заклучите дека и вие имате време. Проблемот лежи во одредувањето приоритети и организирањето на тие 24 часа. Доколку кажете дека немате време за нешто, со други зборови вие кажувате дека не сакате да го направите тоа. Токму затоа обидете се да го организирате вашето време и секогаш да бидете директна. На пример, кажете си дека можете да го преземете тој проект, но дека ќе ви биде потребно повеќе време да го завршите. Или пак објаснете дека моментално работите нешто друго, па некој од вашите послободни колеги би можеле подобро да ја завршат таа работа.

„Да!“

Можеби ќе ви звучи контрадикторно, но постои уметност која се крие во изговарањето на зборот „не“. Вие едноставно не можете секогаш да бидете слободни за сите нешта и сите луѓе. Вие не можете да присуствувате на секој состанок, настан или конференција на која сте повикани. Успешните жени успешно владеат со оваа способност, бидејќи тие знаат дека понекогаш љубезното „не“ може да им отвори многу повеќе врати. На овој начин вие правите ваш избор и секогаш сте под контрола на ситуацијата. И секако, никогаш не заборавајте да се заблагодарите за понудата откако ќе ја одбиете со цел да избегнете тензија со таа личност во иднина.

„Не сум доволно платена за работата која ја извршувам!“

Да бидеме искрени, реално кој верува дека е доволно платен за тоа што го работи? Успешните жени никогаш не проектираат негативен став, бидејќи тие знаат дека со тек на време, доколку почнат да остваруваат подобри резултати, тие ќе добијат и повеќе пари. Оваа изјава е една од најдеструктивните за вашата мотивација, но исто така и за вашата работа доколку некогаш вашиот шеф ве слушне.

„Тоа не е фер!“

Сигурно многу пати сте чуле дека животот не е фер. Успешната жена не го ни очекува тоа. Таа ја насочува целата своја енергија на промените, фокусирајќи се на оние нешта кои може самата да ги направи. Бидете сигурни дека луѓето без размислување ќе газат преку вас, вашиот шеф ќе презема заслуги за вашата работа, а некои од колегите за помалку работа ќе бидат повеќе платени. Успешната жена зазема храбар став и никогаш не троши време на жалење, бидејќи знае дека кога-тогаш ќе ги постигне своите цели.

„Никогаш не земам одмор!“

Доколку мислите дека некој ќе ве награди за тоа или пак, дека повеќе ќе ве цени, тогаш дефинитивно сте во заблуда. Тоа е тотална лудост, бидејќи луѓето едноставно не можат да функционираат без барем едно викенд релаксирање од својата работа. Сте забележале како некои луѓе земаат и по неколку пати одмор во годината? Успешните жени го ставаат своето приватно време на прво место и тие знаат колку е важен одморот. Тој влијае на вашиот сон, сила и креативност. Уморните и незадоволни жени се последните на листата за успех.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар