12 одлични илустрирани одговори на сексистички коментари

12 одлични илустрирани одговори на сексистички коментари

Суптилниот сексизам е многу тежок да се забележи, особено кога доаѓа во форма на комплимент. Токму затоа 19-годишната артистка Ванеса Папаставрос од Австралија создала серија илустрации наречени „Backhanded Compliments“ со цел да покаже колку често жените добиваат „комплименти“ кои всушност се навреди.

„Навредата е суптилна, бидејќи е обвиена во еден вид фалење, но на крајот на денот таа секогаш ја кажува истата порака: како жена, ти не ги достигнуваш моите стандарди“, вели Ванеса.

0-12-odlichni-ilustrirani-odgovori-na-seksistichki-komentari-www.kafepauza.mk_

Оваа серија содржи илустрации кои се споени со сексистички коментари и одговорите кои секоја жена потајно сака да ги каже. Тука се вклучени различни видови жени, со различни форми, големини и боја на кожа.

„Овие коментари се посебен вид навреди. Тие многу често се разменувани во личен формат и се насочени директно кон вашите несигурности. Тие често ги кажуваат луѓе кои добро ги познаваме и за несреќа, се еден вид пасивно-агресивна форма на засрамување поради изгледот на телото кои имаат моќ да направат да се почувствуваме навредено, но немоќно за протестирање“, заклучува таа.

- Ти си навистина убава за Азијатка. - Сериозно? Не.

– Ти си навистина убава за Азијатка.
– Сериозно? Не.

- Изгледаш како торба со коски. - Престани да зборуваш.

– Изгледаш како торба со коски.
– Престани да зборуваш.

- Ќе беше многу привлечна доколку твојата коса имаше нормална боја. - Извини, не те слушам поради тоа што мојата коса изгледа одлично.

– Ќе беше многу привлечна доколку твојата коса би имала нормална боја.
– Извини, не те слушам поради тоа што мојата коса изгледа одлично.

- Вау, многу си храбра што ја носиш таа облека. - Тоа е фустан за забава, не униформа за пожарникари.

– Вау, многу си храбра што ја носиш таа облека.
– Тоа е фустан за забава, не униформа за пожарникари.

- Ќе изгледаш многу поубаво без очилата. - А ти ќе изгледаш многу љубезно доколку не зборуваш.

– Ќе изгледаш многу поубаво без очилата.
– А ти ќе изгледаш многу љубезно доколку не зборуваш.

- Навистина е кул тоа што половина црна. - Значи ти мислиш дека да бидеш целосно црн не е кул? Бидејќи јас мислам дека расизмот не е кул.

– Навистина е кул тоа што си полуцрна.
– Значи ти мислиш дека да бидеш целосно црн не е кул? Бидејќи јас мислам дека расизмот не е кул.

- Зошто користиш толку многу шминка кога изгледаш многу поубаво природно? - Дали моето совршено обликувано лице се грижи за начинот на кој ти размислуваш?

– Зошто користиш толку многу шминка кога изгледаш многу поубаво природно?
– Дали моето совршено обликувано лице изгледа како да се грижи за твоето мислење?

- Би била многу жешка ако изгубиш малку тежина. - Затвори ја твојата уста.

– Би била многу жешка ако ослабеш некој килограм.
– Затвори ја твојата уста.

- Мажите сакаат жени со малку месо на нивните коски. - Ам, дали јас треба да бидам оброк?

– Мажите сакаат жени со малку месо на нивните коски.
– Амм, дали јас треба да бидам оброк?

- Поубава си во живо. - Мислам дека сакаше да кажеш „ти си навистина грда на сликите“

– Поубава си во живо.
– Мислам дека сакаше да кажеш „ти си навистина грда на сликите“.

- Ти си навистина многу убава, затоа е збунувачки зошто си сè уште сингл. - Сериозно?

– Ти си навистина многу убава, затоа е збунувачки зошто си сè уште сингл.
– Сериозно?

- Ќе изгледаше многу поубаво доколку твојата коса беше права. - Мислам дека секако ќе изгледам прилично многу неверојатно.

– Ќе изгледаше многу поубаво доколку твојата коса беше права.
– Мислам дека секако ќе изгледам прилично многу неверојатно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар