5 типови луѓе кои мислат дека се хранат здраво, но грешат

5 типови луѓе кои мислат дека се хранат здраво, но грешат

Многу информации поврзани со нутриционизмот ни се лесно достапни во денешно време и самите можеме да одлучиме што е добро за нас, а што не е. За жал, можеме да налетаме и на информации кои не се баш точни, можеме да послушаме совети од некој друг кој налетал на исти такви неточни информации и со тоа постои и ризик да донесеме некоја одлука поврзана со нашата исхрана од која нема да извлечеме никаква корист. Нутриционистот Дајана Чаплин ги класифицира овие луѓе во пет групи. За нив вели дека мислат дека се хранат здраво, но грешат.

5 типа на луѓе кои мислат дека се хранат здраво, но грешат

1. Вегетаријанците

Нема сомнеж дека храната од растително потекло е подобра од онаа од животинско, но недостатокот на месо предизвикува недостаток и на некои битни нутриенти кај некои луѓе. Потребно е тие да си го слушаат своето тело и ако имаат потреба, барем повремено да јадат месо. Тоа ќе биде поздраво за нив, отколку ако целосно го исфрлат.

2. Исплашени од мастите

Факт е дека претераното консумирање масти го покачува холестеролот, ја зголемува телесната тежина и носи уште еден куп здравствени нарушувања, но мора да знаеме дека постојат и масти кои се добри за нас. Тие не смеат целосно да се исфрлат од исхраната. Друг проблем е што немасните алтернативи на повеќето видови храна се полни со шеќери за да го надоместат изгубениот убав вкус.

3. Оние кои јадат само органска храна

Ако храната е органски произведена тоа значи дека е чиста и дека тоа што го има во неа е квалитетно, но не и дека баш таа храна е добра за вас. Особено во голема заблуда се оние кои купуваат процесирани јадења од органска храна, кои покрај квалитетната основа содржат и многу штетни состојки кои им се додаваат пред пакувањето.

4. Оние кои ги бројат калориите

Не е лошо да се внимава на тоа, но ако внесувате само квалитетна храна полна со нутриентите кои ви требаат, бројот на калориите нема да биде битен. Квалитетот е поважен од квантитетот.

5. Орторексичните

Орторексични се нарекуваат луѓето кои јадат исклучиво „суперхрана“, органски произведена, која не содржи повеќе од она што им треба итн. И не јадат ништо друго, туку само тоа. Секако дека е убаво да се јаде повеќе таква храна, но опседнатоста со тоа не е добра и може да ја намали способноста да се ужива во храната.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар