Зимата конечно е зад нас, а тоа значи и дека дојде време да го подготвите вашиот дом за топлото време. Па, доколку сакате пролетното чистење да не ви одземе цел викенд, погледнете ги следниве неколку трикови со кои можете да го скратите вашето време во средување…rnrn
rn
1. Исчистете ги решетките од рерната во када
rnТемелното чистење на рерната најчесто знае да трае и по неколку часа. Доколку сакате да заштедите време, прекријте ја вашата када со пешкир со цел да ја заштитите и врз неа поставете ги решетките од рерната. Потопете ги со топла вода, а потоа додадете една чаша прашок за алишта или детергент за садови. Оставете ја да отстои преку ноќ и наутро кога ќе ја исплакнете ќе забележите дека таа е целосно чиста.rn
2. Исчистете го вашиот кревет со алкохол
rnВотката може да ви помогне да ги убиете илјадниците бактерии во вашиот кревет и со тоа да го дезинфицирате душекот. Едноставно сипете вотка во пластично шише со распрскувач, додајте неколку капки етерично масло (искористете масло од лаванда, кое има и антифунгални и антибактериски својства) и нежно нанесете го рамномерно на душекот од креветот.rn
3. Лесно чистење на кадата
rnДоколку сте постојано вознемирени од нечистотиите кои се собираат во вашата када или лавабо, тогаш едноставно нанесете тенок слој масло за бебиња по краевите од кадата и лавабото и нежно поминете со крпа. На овој начин сите идни нечистотии и остатоци од паста за заби и сапун нема да се лепат по ѕидовите на кадата или лавабото.rn
4. Тестирајте ги перниците
rnБез разлика дали вашата перница ви е удобна, сепак на неколку години мора да ја менувате. За да откриете дали таа е подготвена за промена, испробајте го овој едноставен тест. Обидете се да ја превиткате перницата на половина. Доколку се врати во основната положба, таа може да сè уште да се користи. Но, доколку остане во превитканата положба, тогаш време е да ја замените со понов модел.rn
5. Брзо чистење на прозорците
rnЗаборавете на сите оние спрејови за чистење прозори. Најлесниот и најефикасниот начин за чистење е доколку наполните кофа со топла вода, додадете една лажичка детергент за садови и една чаша бел оцет. Потоа со чиста крпа или сунѓер нанесете ја оваа течност на прозорците и избришете со сува крпа. Не само што ќе заштедите време, туку на вашите прозорци нема да се појават никакви траги од чистењето.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn