КАФЕ ПАУЗА

Што нема да најдете во една продуктивна канцеларија?

Што нема да најдете во една продуктивна канцеларија?

Written by

in

,

Ако порано единственото нешто што се барало од работниците било вложување максимален труд, бројни часови минати на работа и ставање акцент единствено на продуктивноста, денес за среќа работите се менуваат. Модерните и современи менаџери сè повеќе обрнуваат внимание на креативниот процес во работата, кој пак загарантирано резултира со поголема продуктивност, но и поголема љубов кон она што вработените го прават.rnrnСекој сака продуктивно и исполнето работно место каде вработените вложуваат труд, но и креативни решенија за работата. Доколку сакате да се подобрите во овој аспект од работата, имајте ги на ум овие нешта на кои мора да внимавате. Ова се нештата кои нема да ги најдете во една продуктивна и исполнета работна средина.rnrnШто нема да најдете во една продуктивна канцеларија?rn

Притисок

rnКако што веќе рековме, времињата се менуваат. Вработените не се веќе марионетки кои мора максимално да се вложуваат себеси секој ден од 8 до 4. Доколку сакате успешно да менаџирате, ослободете ги од овој притисок. Секако, работната дисциплина е на прво место и никој не смее да ескивира од дадените работни задачи, но намалете го притисокот и умешно вметнете поголема слобода во работењето.rn

Нереални очекувања

rnКога имате пред вас група вработени, не ги гледајте како компјутери туку како личности со комплексна психологија од кои не можете да очекувате да се однесуваат совршено или да постигнат работи кои не се реални. Доколку им наметнете нереални очекувања, вработените нема да знаат кон што точно да се стремат. Не си задавајте преголеми залаци, не барајте од нив да се вклучат на некаква норма. Обрнете внимание на квалитетот наспроти квантитетот.rn

Неплански делувања

rnДобрите менаџери, а и вработените секогаш се раководат според некаков план. Доколку не планирате се губите во морето од можности и задачи. Многу е полесно кога ќе се насочите кон одредена цел или идеја. Во продуктивна и успешна работна средина, планското работење е неизбежно. Затоа започнете ја секоја работна недела со неделен план.rn

Групна оценка

rnУспешната работа во групи и тимови е важна за секој работодавач, но само успешните менаџери знаат да ги издвојуваат сите вработени поединечно според нивните уникатни вештини и способности. Не секој има талент за сè и не се сите исти. Избегнете презентирање на резултатите и работата во групи, така лесно ќе се изгубат одредени вработени кои немаат доволно храброст да се истакнат меѓу другите и уште полесно ќе се разочараат гледајќи како нивниот квалитет се губи некаде во тимот, па ќе престанат да вложуваат толку. Тимската работа е важна, но обрнувајте внимание на секоја индивидуа поединечно.rn

Мултитаскинг

rnИскусните менаџери никогаш не ги мотивираат своите вработени да се фокусираат на повеќе работи истовремено, туку квалитетно да се насочат кон тоа што во моментот е примарно.rn

Прекинување и деконцентрација

rnВо една продуктивна работна средина не се слуша звукот на известувањето за пристигнат мејл, ниту пак гласното зборување на телефон на колегите. Никој не е должен да трпи нешто што му го одзема фокусот од работата.rn

Забрана за долги паузи

rnСтарото работно правило е да се прават кратки и исклучиво неопходни паузи. Но, да се навратиме на идејата за модерното работење и слободниот процес на креативност во работата. Паузите се неопходни. Оставете ги вработените да се напијат кафе, да излезат на воздух, да прочитаат весник. Доколку мислите дека некој може да биде максимално сконцентриран подолго од 2 часа, се лажете.rn

Забрана за кратење на работното време

rnСлободно организирајте турнир во фудбал на пример, кој во одредени денови би им овозможил на вашите вработени да го напуштат работното место еден час порано. Така не губите, така добивате.rn

Забрана за флексибилни работни часови и работа од дома

rnРаботното време од 8 до 4 на пример, не значи задолжително дека е најпродуктивното работно време за секого. Доколку процените дека некој од вработените би бил попродуктивен навечер, а доколку вашата фирма го дозволува тоа, оставете дел од работата да ја заврши од дома, наместо принудно да седи на работното место.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.