Најчестите митови за лебот во кои треба веднаш да престанете да верувате

Најчестите митови за лебот во кои треба веднаш да престанете да верувате

До неодамна, лебот беше основна состојка во сечија исхрана. Но, во последниве неколку години изглед дека тој стана најголемиот злосторник во диетата. „Се обидувам да не јадам леб“ е најчестата изјава на сите луѓе кои се обидуваат да ослабат некое кило, верувајќи дека тој ги дуе во областа на стомакот и дека ги дебелее. Дури и оние кои сè уште јадат леб, велат дека се чувствуваат виновно кога го прават тоа. Но, дали навистина лебот е толку лош и мора да го избегнувате по секоја цена?

Најчестите митови за лебот во кои треба веднаш да престанете да верувате

Мит #1 – Јадењето леб ве дебелее

Вистината е сосема спротивна од основното верување. Доколку го консумирате умерено и како дел од балансирана диета, вие слободно можете да уживате во лебот дури и доколку слабеењето е вашата крајна цел. Но, сепак избегнувајте го белиот леб на кој му се отстранети повеќето витамини, минерали и хранливи влакна за време на процесот на рафинирање.

Мит #2 – Безглутенскиот леб е поздрав

Етика дека е производ без глутен не го прави самиот лебот поздрав. Всушност, некои безглутенски алтернативи изобилуваат со шеќери. Во обичниот леб, глутенот е оној кој му ја дава формата и мекоста, па токму затоа компаниите кои произведуваат безглутенски производи се обидуваат да го заменат со адитиви како „xanthan gum“ или скроб од пченка за да ја постигнат истата текстура. Тие исто така додаваат и повеќе шеќер и маснотии со цел да создадат подобар вкус. Токму затоа внимавајте кога одбирате безглутенски производи и секогаш одбирајте ги оние производи кои содржат киноа, чиа или брашно од ориз.

Мит #3 – Црниот леб е поздрав од белиот

Вистината е дека црниот леб се смета за поздрав избор, но анализите покажале дека многу видови црн леб содржат повисоки количини шеќер од белиот, бидејќи произведувачите ги додаваат со цел тој да биде повкусен. Исто така некои видови црн леб содржат и карамела за тие да изгледаат потемно и со тоа да се направи илузија дека се подобри. Не постои дилема дека лебот од целосни зрна е најдобриот стандард кога станува збор за витамини, минерали и хранливи влакна, па токму затоа секогаш проверувајте ги неговите состојки пред да го купите.

Мит #4 – Лебот е лош за шеќерот во вашата крв

Лебот е јаглехидрат, па доколку го јадете само него (особено рафинираниот бел леб) тој може да предизвика нагло покачување и потоа опаѓање на шеќерот во крвта кое води кон губење на енергијата и потреба за благо. Токму затоа доколку го комбинирате со производи кои содржат многу протеини или добри маснотии, како хумусот или кашкавалот, тогаш ќе ги неутрализирате шеќерите кои тој ги содржи. Исто така со цел да го избегнете силното опаѓање на енергијата по ручекот, избегнувајте да јадете бел леб.

Мит #5 – Лебот предизвикува надуеност

Вистината е дека не постои ниту една диетална причина за надуеност. Но, кај некои индивидуи, под влијание на други фактори, сепак тој може да ја предизвика оваа состојба. Поголемиот дел од комерцијалниот леб поминува низ таканаречениот процес „Chorleywood“, преку кој се создаваат евтини и брзи производи со помош на состојки на кои многумина можат да бидат чувствителни. Доколку забележувате дека лебот од маркетот ви предизвикува чувство на надуеност, а кога го подготвувате сами не забележувате никакви проблеми, тогаш со сигурност причината е таа. Од друга страна пак, кај некои луѓе проблемот се јавува од квасецот, а кај други поради глутенот. Сè е до самата личност, па токму затоа откријте што најмногу одговара на вашето тело и држете се до таа исхрана.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар