Прекрасни жени кои ја редефинираат убавината
Што би можело да биде попрекрасно од дефиниција за убавината која постојано се проширува? Всушност, заборавете на идејата за дефиниција, бидејќи овие неверојатно прекрасни жени ни покажуваат дека таа воопшто не ни е потребна!
Леа Т
Леа е трансескуалец и модел. Таа била откриенa од „Givenchy“ и станала нивно заштитно лице во доцните 2010-ти години. Потоа, се појавила во многу списанија и на многу модни писти. Во 2014 година, таа станала лицето на „Redken“, со што станала првиот отворено трансексуален модел кој се нашол на лицето на бренд за козметика.
„Обожавам да работам со ‘Redken’ бидејќи тие ги ценат сите видови убавини. Тие веруваат во индивидуалноста на личноста и јас сметам дека токму тоа е многу важно“, вели таа.
Дениз Бидо
Оваа девојка од Латинска Америка била првиот модел со облини во 2014 година на пистите на њујоркшката модна недела. Таа исто така се појавила во кампањи за „Target“, „Forever 21“, „Macy’s“ и „Nordstrom“ и моментално ја води кампањата за „CURVES“ која се однесува на прифаќање и развивање позитивна слика за телото.
„Сè е за тоа да ви биде удобно во сопствената кожа. Не постои ништо погрешно во тоа да се биде жена“, вели таа.
Рејн Дов
Рејн е андрогена лезбејка и воопшто не сте извинува кога станува збор за својот изглед кој ѝ овозможува да биде модел и за машка и за женска облека. Таа верува дека нејзината кариера во модата е еден вид активизам.
„Мислам дека е различен вид активизам. Жените не треба да преземат улога на маж за да почувствуваат моќ, тие би требало да бидат способни да се преземат себеси. Па, токму тоа се обидувам јас да го покажам. Не треба да ја делиме облеката на машка и женска, таа треба да биде за сите“, вели таа.
Вини Харлоу
Вини Харлоу, позната и како Шантел Браун-Јанг, е 29-годишен модел со витилиго, хронична болест на кожата која предизвикува губење на бојата во одредени делови. Откако била со години малтретирана и исмејувана додека растела, таа во 2011 година објавила видео на Јутјуб каде што искрено и отворено говорела за својата болест. Токму тоа ја одвело на шоуто „America’s Next Top Model“, а денес работи со големи модни куќи како „Diesel“ и оди по модни писти ширум светот.
„Единствената личност која може да направи да не се чувствувате прекрасно сте вие. Не можете да му дозволите на некој друг да ја намали вашата самодоверба затоа што таа е токму тоа, доверба во себе, па прво треба да се сакате самите пред да може да ве засака и некој друг“, вели таа.
Мајла Далбесио
Мајла работела со години како модел, но таа станала медиумска сензација кога се појавила во кампања за „Calvin Klein“ во ноември, 2014 година, каде што била единствениот модел со конфекциска големина 44 помеѓу модели со големина 34. Брендот не ја одвоил во категоријата за жени со облини, туку ја сместил директно помеѓу останатите девојки, правејќи таа да се почувствува како дел од нив.
„Јас сум на средината. Не сум доволно слаба да бидам со слабите девојки, ниту пак доволно голема за да бидам со оние со облини, па долго време не можев да го најдам моето место. Токму затоа оваа кампања беше нешто неверојатно за мене“, вели таа.
Џилијан Меркадо
Џилијан има мускулна дистрофија, па токму затоа мора да се движи во инвалидска количка, но тоа ни најмалку не ја спречува да ја дефинира убавината на свој начин. Таа може да се забележи во кампањите на „Diesel“ и „Nordstrom“.
„Постоеше време кога постојано се споредував со луѓето околу мене, но тогаш сфатив дека живеам во лага. Ние мора да престанеме да бараме водичи за тоа како да бидеме убави, бидејќи единствените компаси сме си ние самите на себе“, вели таа.
Андреја Пејиќ
Родена како Андреј Пејиќ, овој австралиски модел до 2014 година се сметал за андроген машки модел. Дотогаш за себе велел дека живее помеѓу половите, но денес Пејиќ решила да стане жена, трансексуалка, и се води под името Андреја. Пред да се случи тоа, таа се појавувала на модните писти за големи брендови, како „Jean-Paul Gaultier“ каде што носела и машка и женска облека.
Џејми Бруер
Оваа 30-годишна актерка која е најдобро позната по својата улога во „American Horror Story“, неодамна постигна нова цел и стана првиот модел со Даунов синдром кој некогаш одел на њујоркшката модна недела. Таа не сака да стане модел со полно работно време, туку нејзината цел е да му покаже на светот дека секој може да го постигне она што ќе го намисли.
„Младите жени ме гледаат и си велат ‘Еј ако таа може тоа да го постигне, можам и јас!’ Навистина е инспиративно да се биде модел на однесување за младите жени на кои им е потребно мало охрабрување за да бидат оние кои навистина се и да го покажат тоа на другите“, вели таа.
Елиот Сејлорс
Елиот е поранешна учесничка на натпревари за убавина која до пред некое време била модел за женска облека, но денес таа е модел за машка облека со цел да има подолга кариера. Но, за разлика од Андреја и Леа, таа преку оваа одлука нема цел да го изразува нејзиниот пол.
„Мажите не мора да изгледаат колку што е можно помладо, па токму затоа имам повеќе време. Што се однесува до моето тело, никогаш не сум се чувствувала како да сум родена во погрешно тело и тоа не е нешто со кое што сум имала потреба да се справувам“, вели таа.
Робин Лоли
Робин има 25 години, висока е 190 сантиметри и е модел со конфекциски број 46. Таа е најпозната како првиот модел со облини, појавувајќи се на голем број насловни за познати брендови. Но, таа не се смета себеси за модел со облини.
„Се сметам себеси за модел само затоа што се обидувам да им помогнам на сите жени да го прифатат своето тело“, вели таа.
Таа исто така дизајнира и костими за капење во сите димензии и форми, но и се обидува да влијае врз дизајнерите да го сменат својот став кон поголемите конфекциски броеви. Таа се надева дека ќе успее да донесе различност на модните писти, каде што според неа треба да се покажуваат модели од сите големини.
Кармен Дел’Орефис
Не постои ништо што може да ја спречи оваа жена да биде модел, која на возраст од 83 години се појави на насловната на „Harper’s Bazaar“ во Тајланд. Таа се смета за најстариот модел кој сè уште работи. Нејзината кариера започнала на возраст од 15 години кога се појавила на насловната на „Vogue“ и оттогаш па наваму постојано работи, со кратка пауза по нејзиниот втор брак во 1958 година. Денес можете да ја забележите во кампањи за „Target“ и „Rolex“, како и на страниците на „Vogue“, „W“ и „Harper’s Bazaar“.
Џејд Вилоубај
Џејд е првата девојка од нативен Онтарио, Канада која одела на модните писти во Њујорк. Фактот што таа не може соодветно да се идентификува со другите покренало многу прашања за нејзиното место во индустријата.
„Најголемото нешто што досега го открив е фактот дека има многу малку модели од Првата Нација, па токму затоа поголемиот дел од времето имам чувство како да не можат сите да го процесираат местото од каде потекнувам. Јас не спаѓам во категоријата на модели со темна кожа, ниту пак на етнички модели, па токму затоа на некој начин сум си своја сопствена категорија и тоа одвреме-навреме знае да биде навистина тешко“, вели таа.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.