Како традиционалната кинеска медицина може од лицето да ви го прочита вашето моментално здравје?
Што можете да видите кога ќе се погледнете во огледало? Според кинеската медицина, лицето е прозорец на здравјето. Челото, носот, брадата, десниот образ и левиот образ се 5-те зони кои ни даваат знаци за она што се случува во нашето тело.
Повеќето луѓе не сфаќаат дека нивното лице овозможува информации за она што се случува под површината. Вашето тело говори единствено преку јазикот на нерамнотежата која се случува внатре. Секој дел од вашето лице одразува различни елементи: оган, земја, вода, метал и дрво кои одговараат на одредени органи. Токму поради тоа визуелните сигнали на лицето можат да ве предупредат дали нешто посериозно се случува со вашето тело.
Чело
Според кинеската медицина, челото одговара на елементот оган. Тоа е поврзано со срцето, цревата, умот и духот. Погледнете го внимателно челото и побарајте црвенило или мали крвни садови кои се појавуваат како промена на бојата на кожата. Доколку ги пронајдете, тие може да се знак за проблеми со срцето. Промената на бојата може исто така да биде предизвикана од неодамнешни силни емоционални искуства, како што се раскинувањата или загубата.
Срцевиот удар најчесто може да се предвиди со сино-зеленкаста нијанса на челото. Доколку имате промена на бојата на кожата не челото која е проследена со забрзано чукање на срцето, вртоглавица, недостаток на воздух, болки или трпнење во левата рака, веднаш побарајте помош од доктор.
Нос
Носот одговара на елементот земја, па тоа ни укажува на неговата поврзаност со желудникот, слезината и панкреасот. Симптомите најчесто се покажуваат како мозолчиња на врвот или на страничните делови од носот. Размислете што сте јаделе претходниве неколку дена. Дали храната била премногу зачинета, пржена, со маснотии или општо нездрава? Ако одговорот е позитивен, тогаш изборот на исхраната почнал да претставува голем проблем за вас. Како резултат, вие патите од лошо варење на храната, тврда столица или дијареја.
Испукани капилари или црвенило кај коренот на носот може да укажуваат на проблеми со алкохолот или пак, едноставно да значи дека премногу се грижите и сте постојано под стрес. Обидете се да се смирите и опуштите со медитација или јога.
Брада
Брадата е област која се однесува на елементот вода, а таа е и внатрешно поврзана со бубрезите и мочниот меур, вклучувајќи ги и хормоните и жлездите. Обоената и темна дамка на кожата околу устата и брадата може да укажуваат на проблеми со бубрезите или мочниот меур. Исто така, мозолчињата околу брадата може да се знак за хормонална нерамнотежа. Проблемите најчесто се јавуваат кога телото произведува вишок естроген и тестостерон.
Прегледајте го вдлабнатиот дел помеѓу носот и горната уста. Оваа мала површина се однесува на матката и јајниците кај жените, односно простатата кај мажите. Хоризонталните линии или промените на бојата на кожата може да укажуваат на проблем со неплодност поради ендометриоза или цисти.
Според кинеската медицина, луѓето кои имаат мала брада имаат генетска предиспозиција за слабост на бубрезите и мочниот меур, но тоа не значи дека доколку и вие имате мала брада со сигурност ќе развиете болест поврзана со овие органи.
Десен образ
Десниот образ одговара на металот, па токму затоа оваа област се однесува на белите дробови и дебелото црево. Проблемите со овие органи можат да се забележат преку промената на бојата на кожата во десниот образ. Исто така, акните, егземите или црвенилото во оваа област може да бидат знак за настинка која доаѓа.
Различни болести на белите дробови како и на горните дишни патишта можат да поттикнат визуелни симптоми на десниот образ. Луѓето кои се склони кон респираторни алергии или астма, имаат склоност кон егземи, благ осип или појава на нежно сино-зеленкаста нијанса на десниот образ.
Лев образ
Левиот образ одговара на елементот дрво. Тој се поврзува со црниот дроб и жолчката. Испуканите капилари и црвенилото укажуваат на воспаление или токсини на црниот дроб. Испуканите вени, црвенилото и осипот може понекогаш да бидат знак за висок крвен притисок. Од друга страна пак, жолтеникавата нијанса под левото око може да укажува на камен во жолчката или високи триглицериди и холестерол.
Проблемите во овој дел од лицето можат да откријат дури и емоционални состојби, како лутината и депресијата. Имајте на ум дека постојат многу начини на кои телото ве предупредува дека дошло до губење на неговата внатрешна рамнотежа, па токму затоа никогаш не ги игнорирајте оние знаци кои тоа ви ги испраќа.