5 фази низ кои поминуваат сите жени откако нивниот бивш дечко ќе си фати нова девојка

5 фази низ кои поминуваат сите жени откако нивниот бивш дечко ќе си фати нова девојка

Без разлика дали сте дознале преку социјалните мрежи или преку заедничките пријатели, вашиот свет на неколку секунди се смрзнува откако ќе откриете дека вашето поранешно момче има нова девојка во неговиот живот. Но, што поточно се случува потоа?

5 фази низ кои поминуваат сите жени откако нивниот бивш дечко ќе си фати нова девојка

1. Шок

По основната информација за новата врска на вашиот бивш, вие ќе почувствувате како времето да сопрело на неколку секунди. Откако планетата повторно ќе почне да се врти, малку побавно од вообичаено, вие ќе почнете да им ѕвоните на вашите пријателки бидејќи ви е потребно некој да ве ислуша и разбере.

2. Љубопитност

По првичниот шок, вие се трансформирате во Шерлок Холмс. „Која е таа? Како изгледа? Што има таа што немам јас? Колку долго тоа трае? Дали ме изневерувал со неа?“ Низ вашата глава се вртат илјадници прашања и ниту еден одговор. Ниту една жена не може да ја прескокне оваа фаза, дури и ако веќе не чувствува ништо за нејзиниот поранешен дечко.

3. Нервирање

Вие почнувате да се нервирате за неговата среќа и се прашувате како е можно толку брзо да нашол нова посебна личност. Вие сте убедени дека сте му значеле повеќе и дека ќе му било потребно многу повеќе време за да ве преболи. Но, факт е дека вие никогаш нема да ја дознаете целосната приказна за новата врска на вашиот бивш дечко, па токму затоа можете само да претпоставувате. Луѓето знаат да бидат во врска поради досада, поради одмазда, за да глумат среќа… Сфаќате што сакаме да кажеме.

4. Тага

Во оваа фаза вие почнувате да се прашувате што не е во ред со вас и зошто сè уште не барате друга личност. Се прашувате што се случува со вас, каде сте вие во овој момент, ги преиспитувате сите планови за иднината и ги анализирате сите вашите однесувања.

5. Прифаќање

По некое време, кое варира од жена до жена, вие ќе се почувствувате како да сте се разбудиле од лош сон и ќе сфатите дека сè тоа е веќе зад вас. Од овој момент почнува планирање на нови авантури и се појавува возбуда поради нив бидејќи никогаш не знаете што ве чека утре. Сега е важна само вашата среќа, а не фактот со која личност е тој.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар