Потребно е многу труд и време за да се најде цимерка која ќе биде со слични размислувања на вашите. Но, откако ќе го направите тоа, вашиот живот ќе почне да се движи во сосема нова насока. Започнувајќи од долгите разговори за љубовта, па сè до големиот број шишиња вино кои сте ги испиле, погледнете ги овие 10 нешта кои целосно можат да ги разберат само оние кои живеат или некогаш живееле со цимерка…
rn
1. Потсетници низ целиот стан
rnВие постојано оставате пораки и потсетници една за друга и вашиот стан изгледа како низ него да поминала бура од самолепливи ливчиња во различни бои.rn
2. Сè е поврзано со вино
rnТапии во различни бои, празни шишиња наполнети со декоративни камења, чаши од вино со вашите имиња… Можностите се бескрајни кога станува збор за ентериер инспириран од виното.rn
3. Има поголеми шанси во фрижидерот да имате шампањ отколку млеко
rnЧесто се случува да го отворите фрижидерот со намера да си направите кафе, но на крај да завршите пиејќи шампањ бидејќи сте заборавиле да купите млеко. Во било кое време од денот.rn
4. Вашите тампони се наоѓаат во чаша од вино во вашиот тоалет
rnПогледнете само колку поубаво изгледаат тие во оваа чаша декорирана со цветчиња. Вие сте навистина организирани и снаодливи.rn
5. Кога сте лути на вашето момче, не постои подобро нешто од одењето дома
rnБез разлика на ситуацијата, вашата цимерка е секогаш подготвена да ве ислуша и поддржи во секоја изјава. Додека пиете чаша вино, секако.rn
6. Вашите месечни циклуси се синхронизирани
rnИ во тие клучни моменти од месецот никој не сака да биде во ваша близина, бидејќи вие сте двоен емоционален ролеркостер!rn
7. Празниците никогаш не ви биле позабавни
rnПокрај личноста која размислува исто како вас, вие не можете да не најдете причина да организирате забава. Без разлика дали станува збор за планиран настан или спонтан, вие секогаш правите журка за помнење.rn
8. Можете да седите во вашата долна облека
rnИ никој нема да ви замери за тоа. Особено во топлите летни денови, кога температурите се неиздржливи.rn
9. Со тек на време вашите шкафови се спојуваат во еден
rnВие без проблем ја разменувате вашата облека секојдневно, бидејќи веќе не знаете точно што е ваше, а што нејзино…rn
10. Ова ќе биде најдоброто време од вашиот живот
rnНаоѓањето добра цимерка не е лесна задача, но откако ќе успеете во тоа, вие ќе добиете пријателка која ќе биде покрај вас до крајот на вашиот живот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

