Алтернативни употреби на четката за заби

Алтернативни употреби на четката за заби

Дали сте знаеле дека четката за заби има голем број алтернативни употреби кои можат да ви го олеснат секојдневието? Погледнете…

Алтернативни употреби на четката за заби

За суво перење на косата

Четката за заби помага при брзо и ефикасно суво перење на косата. Нанесете го средството на косата и потоа со четката тријте го темето на главата и веднаш ќе забележите колку време ќе заштедите.

За раздвојување на трепките

Маскарата понекогаш ги залепува трепките, па со помош на четката за забите можете многу едноставно да го решите овој проблем.

За ефикасен маникир

Постојат два начина на кои можете да ја користите четката за заби за маникир. Првиот начин е со нејзина помош да ја исчистите нечистотијата од ноктите и под нив пред да го нанесете лакот, а вториот начин е да ја отстраните вишокот кожа околу ноктите.

За пилинг на усните

Со помош на четката за заби вие можете да имате меки, сочни и нежни усни. Одберете мека четка за заби за да не ја оштетите меката кожа на усните и со кружни движења благо тријте ги.

За расчешлување на косата

Доколку косата лесно ви се мрси, тогаш исчешлајте ја со четка за заби со цел да ја исчистите нечистотијата и мрснотијата од прамените. Исто така, наместо чешел, четката за заби е одличен начин за тапирање на косата.

За чешлање на веѓите

Доколку вашите веѓи понекогаш знаат да бидат непослушни, вие можете да ги скротите со помош на четката за заби. Нежно поминете со неа преку веѓите и со тоа брзо и едноставно ќе ги израмните непослушните влакна.

За помош при депилација

Многу жени имаат проблеми со внатрешни влакна по депилацијата, па доколку сте и вие една од нив, нанесете малку пилинг на четката за заби и поминете со неа преку нив.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар