КАФЕ ПАУЗА

Секси навики кои може да ги сретнете кај мажите над 25 години

Навиките ја прават разликата помеѓу момче и маж. Кога сте во врска со момче, имате возбудливи периоди и никогаш не ви е досадно. Во одреден период од животот можеби ќе ги одбирате најатрактивните момци за ваши партнери и важна ќе ви биде само добрата забава.rnrnНо, со тек на време вредностите се менуваат. Во моментот кога ќе почувствувате дека треба да ја смирите топката, побарајте маж кој ќе ги има следниве карактеристики, кои се навистина секси:rnrn1-seksi-naviki-koi-moze-da-gi-sretnete-kaj-mazhite-nad-25-godini-kafepauza.mkrn

Тие знаат да ви дадат голем, дебел, сочен комплимент

rnМомчињата често прават голема грешка со тоа што не им даваат комплименти на своите партнерки и токму напротив, намерно ги понижуваат мислејќи дека така тие ќе останат со нив затоа што и немаат некој голем избор. Но, тоа е најлошиот избор. Она што ги прави девојките сигурни во една врска се големите сочни комплименти од страна на нивните партнери – тоа е одлика на вистинските мажи.rn

Великодушност

rnНе од финансиска гледна точка, туку великодушност која се однесува на некој кој сака да го сподели она што го има со луѓето кои ги сака. Ваквата особина е индикатор за понатамошна долга врска. Тој е човек кој сака да го сподели времето, љубовта, трпението со вас – а тоа го прави одличен партер.rn

Тие ви кажуваат точно што сакаат

rnПо години и години кежуал состанување со разни момци, конечно се возбудувате кога ќе наидете на човек кој веќе ги надраснал ваквите игри. Кога вашиот партнер знае што сака и тоа јасно ви го кажува, неговиот статус веднаш се менува од момче во маж. И тоа е тотално секси.rn

Тој е (или би бил) добар татко

rnИма ли нешто посекси од маж кој знае да биде навистина добар татко?! Кога ќе дојде време за деца и ќе го видите како се грижи околу тоа „мало човече“, тогаш ќе ги забележите неговите најдобри особини: емпатија, трпение, посветеност, одвреме-навреме и смисла за хумор, како и уживање во малите нешта. А со тоа ќе сфатите колку сте среќни што го имате него покрај себе.rnrn2-seksi-naviki-koi-moze-da-gi-sretnete-kaj-mazhite-nad-25-godini-kafepauza.mkrn

Тие можат да ги поправат работите

rnТоа е разликата помеѓу момче и маж. Мажите си ги решаваат своите проблеми и важно е што повеќе не бегаат и не ги игнорираат проблемите туку се соочуваат со нив.rn

Тука се во тешки времиња

rnВо моменти кога ништо не ви оди и имате лош период, потребена ви е поддршката на партнерот. Во таквите темни периоди можни се две сценарија, или да се чувствувате уште поосамено и депресивно затоа што вашиот партнер не ве разбира и со тоа ви одмага. Или пак, да ве изненади со љубовта и грижата кон вас. Второво сценарио е показател за веќе пораснат маж.rn

Ќе прослават за вас

rnЧовек кој сака да го прослави вашиот успех е дефинитивно човек кој вреди да го имате покрај себе. Тие не се повлекуваат поради вашите успеси, не се натпреваруваат со вас и не се чувствуваат несигурно покрај вас. Животот е прекраток за да си дозволите да бидете со некој кој не сака да ги прослави вашите успеси.rnrn3-seksi-naviki-koi-moze-da-gi-sretnete-kaj-mazhite-nad-25-godini-kafepauza.mkrn

Тој има свои интереси

rnНема ништо посекси од маж кој им сопствен живот со свои интереси и хоби и покрај тоа одбрал да биде со вас. Нема потреба да ви се јави милон пати додека сте излезена со пријателките, затоа што ви верува и затоа што не седи само дома да ве чека. Што и да е неговото хоби или занимање – графички дизајнер, вежбање во теретана, учење јазици – сето тоа е одличен напредок. Тоа значи дека тој сака да биде подобар, а вие знаете дека постојат милион причини зошто вашето заедничко живеење ќе станува сè подобро и подобро.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.