Пошираните јајца освен што се многу вкусни исто така изгледаат многу убаво кога жолчката ќе се разлее. Воопшто не се тешки за приготвување, но ако сепак не можете да ги приготвите баш какви што ги сакате, применете го советот од ова видео и уживајте во јадењето.rnrn
rnrnПотребна ви е само една обична шолја и парче пластична фолија. Ставете ја фолијата во шолјата и малку потпикнете ја за да формирате вдлабнатина во која ќе може да се смести јајцето. Сипете малку масло и размачкајте го по фолијата. Потоа скршете го јајцето и ставете го одозгора. Врзете ја фолијата и вашето јајце е спремно за поширање.rnrnПогледнете го видеото за деталите и остатокот од постапката.rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.