11 основни работи кои секој маж во врска треба да ги знае за да ја задржи саканата

11 основни работи кои секој маж во врска треба да ги знае за да ја задржи саканата

Експертите за врски велат дека ако ги знаете овие основни единаесет работи за врските, работите стануваат поедноставни и имате многу големи шанси да ја задржите својата сакана покрај себе.

11 основни работи кои секој маж во врска треба да ги знае за да ја задржи саканата

1. Комуницирајте за чувствата. Тоа нема да биде секогаш лесно, но колку повеќе комуницирате на оваа тема, толку појасни ќе бидат работите меѓу вас и врската ќе биде поздрава. Немојте да ги премолчувате работите и да им оставате простор на гневот и лутината.

2. Ценете ја. Но не само во себе, туку покажете го тоа. Исто како што сте се обидувале да ја импресионирате на почетокот, така продолжете да се трудите и во понатамошниот дел од врската. Според експертите давањето комплименти може да заврши добар дел од работата.

3. Не носете важни одлуки без да се консултирате со неа. Тоа нема да ве направи помалку маж, туку некој кому не му е гајле за мислењето и чувствата на партнерката. И нејзе ѝ е важно она што се случува во вашиот живот. Не пропуштајте да се консултирате со неа.

4. Бидете чесни и искрени. Не премногу искрени, барем не кога треба да го критикувате нејзиниот изглед, но немојте да лажете за битни работи.

11 основни работи кои секој маж во врска треба да ги знае за да ја задржи саканата

5. Фокусирајте се на сегашноста за да си ја осигурате иднината. Ако заедничкиот живот има убава сегашност, ќе му осигурате и убава иднина.

6. Не ги искривувајте работите. Тоа најчесто се прави со фокусирање на негативностите, а така не се добива вистинската слика за врската. Обидете се работите да ги видите и од нејзина гледна точка. Така подобро ќе ги разберете нејзините постапки.

7. Бидете добри в кревет. Психолозите велат дека успешните врски имаат два важни елементи: романса и сексуална хемија. Затоа е важно да ја задоволите в кревет.

8. Учете од кризните моменти и надминете ги. Кризите меѓу двајца партнери обично се повторуваат по еден ист шаблон. Согледајте го заедно, извлечете поука и дочекајте ги спремни следните караници за да не наштетат на вашиот однос.

11 основни работи кои секој маж во врска треба да ги знае за да ја задржи саканата

9. Создавајте заеднички спомени и потсетувајте се на нив. Целиот минат живот на крај е само една низа од спомени. Создавајте заеднички спомени денес за некогаш да имате заедничко минато на кое со задоволство ќе се потсетувате.

10. Имајте сон и тежнејте да го остварите. Не само што е добро за вас, туку и жените покрај себе сакаат маж кој знае да сонува и да си ги остварува соништата.

11. Помогнете ѝ да си ги оствари своите соништа. Вистинскиот маж не се плаши од успехот на својата поубава половина и прави сè што може за таа да ги оствари своите соништа. Таа среќа потоа ќе се одрази и на среќата и задоволството што ќе ви го донесе вашата врска.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар