Топла, забавна и духовита приказна во која за брзо ќе се вљубите…
rn
Наша оцена: 6
rn
Ваша оцена: [ratings]
rn
rnrnОд авторката на „Јас и ти“, „Од љубов до омраза“ е интересна, топла и духовита приказна во која лесно ќе се вљубите. Особено ќе ја сакаат помладите и тинејџерите, а секако дека би ја засакале и повозрасните кои се расположени за лесна литература.rnrn
rn
Доделуваме 2 книги во соработка со Сакам книги
rnrnrn
rnrnПаркер Велс е писателка на позната серија детски книги, „Ангелчиња на ролери“, преку што самата авторка дава сатиричен осврт на една нејзина книга која била одбиена од нејзините издавачи. Паркер, која е самохрана мајка, иако заработува многу од популарноста на серијалот, парите ги дава во добротворни цели. Сега Паркер е ставена пред тежок тест – нејзиниот татко поради нелегални зделки го губи целото семејно богатство. Така Паркер ќе мора да се упати кон заливот Гидеон за да продаде полураспадната колиба. За помош, татко ѝ го испраќа неговиот потрчко, адвокатот Џејмс, кого Паркер воопшто не го сака, дури и не го удостојува викајќи го по име, туку го нарекува Суштество Еден.rnrnЛишена од богатството во кое дотогаш уживала, Перкер сега ќе мора сама да заработува за себе и за своето синче, па така се вработува во цвеќарница. Полека Паркер сфаќа дека може да имаш добар живот и без толкаво богатство, и секако, сфаќа дека Суштество Еден и не е толку лош човек кога подобро ќе го запознаеш.rnrnЛичната критика за оваа книга би била дека е забавна и топла книга која ќе ве опушти и насмее. Секако, не би можела да го изоставам фактот дека е премногу „филмска“ и предвидлива, а нејзините ликови се онаа класична комбинација од близу совршен маж и слатко несовршена хероина. Ликовите се доста добро изградени, дури може да се каже дека повеќе ќе уживате во ликовите отколку во самата приказна. Иако не сум ја прочитала „Јас и ти“, гледам дека ужива многу подобри критики од поновата книга на Хигинс. Воглавно би рекла дека она што ѝ недостига на книгата е повеќе тензија, проблеми и осврти кои нема да се разрешуваат така магично и совршено. Ако сте за лесна и љубовна книга, ова е тоа што го баравте.rnrn

